ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи на Меѓународниот саем во Тирана: Заедничките настапи на меѓународните саеми ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот

December 4, 2021 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска го посети „Меѓународниот саем во Тирана 2021″, во организација на „групацијата Клик Експо” во соработка со градот Тирана, Стопанската комора на Албанија и Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан.

На Меѓународниот саем, што е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”, со слоган „Еден Балкан, посилен Балкан”, изложуваат над 500 компании од сите земји на Западен Балкан и други 25 земји од светот.

Вицепремиерот Битиќи, по обиколката на штандовите на саемот, соопштија од неговиот Кабинет, потенцирал дека ваквите настани, на кои заеднички се презентираат производите и услугите на компаниите од нашиот регион, може да придонесат да се зацврсти и засили економската соработка во Западен Балкан, но и да се подигне конкурентноста на самиот регион.

– Поголема конкурентност на Западниот Балкан, наместо создавање на конкуренција помеѓу земјите, значи подобра соработка, стабилен и поатрактивен регион, поголеми можности за привлекување на инвестиции и овозможување на подобри работни места за сите наши граѓани. Заеднички треба да продолжиме да работиме во насока на уште подобра соработка на регионално ниво, да донесеме мерки со кои ќе ги унапредиме меѓусебните економски односи, а со тоа да дадеме сигнал за стабилен и сигурен регион, отворен за нови инвестиции и олеснување на сите трговски процеси, нагласил вицепремиерот Битиќи за време на посетата на Меѓународниот саем во Тирана.

Тој се сретнал и со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и притоа му честитал за наградата на комората „Дигитален шампион“, за проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење, добиена од Светската трговска организација (WTO), Mеѓународната стопанска комора (ICC) и Меѓународниот центар за трговија (ITC).​

извор: МИА
Next Post

Kратки нозе: Невистини од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за одржување конгрес на СДСМ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk