ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан со свечена седница во организација на Владата

December 4, 2021 10:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во организација на Владата, Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ) беше одржана свечена седница со која беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата беше укажано на предизвиците што ги наметна пандемијата со КОВИД-19 во сите сегменти на живеење на лицата со попреченост, а се говореше за теми поврзани со годинашната тема на ОН: „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, достапен и одржлив постковид свет“, која се фокусира на тоа лицата со попреченост да имаат пристап до здравствена заштита, образование, вработување и да учествуваат во заедницата во услови на пандемија, за што е потребен интегриран пристап, а се со цел лицата со попреченост да не бидат заборавени и препуштени на себе.

Претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски истакна дека пандемијата со КОВИД-19, како светска неволја, не треба да ја спречи или забави  интеграцијата на лицата со попреченост, ниту да влијае на нивната функционалност.

Тој истакна дека оваа Влада во изминатиот период го промени курсот на општеството и заедницата кон видливоста и прифаќањето на лицата со попреченост, го поттикна решавањето на проблемите и ги вклучи лицата со попреченост како луѓе со еднаков потенцијал во стратегијата „Едно општество за сите“.

– Инициравме и реализиравме реформи кои сами по себе го менуваат општеството и погледот кон лицата со попреченост. Креиравме нов систем на социјална заштита по мерка на граѓаните. Реализиравме нов образовен, инклузивен систем за учениците со попреченост во кој ученичката средина е еднаква за секое дете со воведување на систем на асистенција, информираше Додевски.

Тој истакна дека со воведување на новиот систем за функционална проценка на децата и младите со попреченост креирана според Меѓународната класификација на функционалноста, директно се менува односот кон попреченостa како кон потенцијал, а не ограничување.

– Исто така пристапноста ја интегриравме во системски услов за секоја образовна институција која претендира на капитални инвестиции со средства од буџетот, подвлече Додевски.

Сумирајќи го досега направеното Додевски, како што соопшти прес-службата на Владата,  укажа на приоритетите на кои во иднина треба уште поинтензивно да се работи, како што се носење нов закон за вработување на лицата со попреченост, формирање функционален национален регистар на лица со попреченост кој ќе помогне во креирањето на политиките кон овие лица, обезбедување дигитална пристапност на веб-страниците на сите министерства и тела во состав на Владата, подобрување на условите за добивање соодветни помагала за сите лица со попреченост кои имаат потреба од нив, обезбедување повисоки стандарди за здравствена заштита, зголемување на бројот и капацитетите на ресурсните центри како регионални бази на сите услуги во образованието, како и зголемен број на дневни и рехабилитациски центри.

Претставникот од Министерството за образование и наука Душан Томшиќ истакна дека интензивно се работи на пристапноста на образовните институции при што, неодамна, пристапноста е обезбедена во четири средни и шест основни училишта. Интензивно се работи и на подигнување на јавната свест кај учениците за правата и потребите на нивните соученици со попреченост.

– Образовниот процес е поинклузивен со воведување на 500 образовни асистенти во изминатиов период и зголемувањето на буџетот за оваа намена. Работиме и на подобрување на инклузивноста и на средните училишта, подвлече Томшиќ и додаде дека се работи и на задолжителни обуки на наставниот кадар преку Бирото за развој на образованието и ќе се инвестира во инклузивните тимови во училиштата.

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска, информира владината прес-служба, укажа на процесот на редизајнирање и подобрување на социјалната заштита за лицата со попреченост во однос на паричниот надоместок. Подобрени се и социјалните услуги со отворање  два нови дневни центри во Топаанско поле во Скопје и во Липково, а во завршна фаза се дневните центри во Делчево и Тетово. Услугата лична асистенција стана достапна и за деца до 6 години, а интензивно се спроведува и лиценцирањето на даватели на социјални услуги. Како што истакна, интензивно тече и процесот на деинституционализација преку преселба на возрасните лица со интелектуална попреченост во мали групни домови.

-Сите 15 градинки отворени во земјава се целосно физички пристапни, а се предвидува децата со попреченост да имаат приоритет за упис во јавните градинки. Подобрени се и условите за вработување со посебен фонд од околу 4,7 милиони евра за поддршка на вработување на над 210 лица со попреченост, а ќе се стимулира адаптацијата на работниот амбиент и воведувањето на работни асистенти, истакна Спасовска.


Претставникот на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија Бранимир Јовановски истакна дека во време на пандемијата од особено значење е  квалитетната здравствена заштита на лицата со попреченост.

– На настанот беше презентиран и Извештај за напредокот во имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, насловен „10 години потоа“. Извештајот кој го презентираше Василка Димовска Де Јонг, е подготвен од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА“, со цел да се  прикаже што и колку е постигнато во измината деценија за подобрување на правата на лицата со интелектуална попреченост, како резултат на имплементацијата на Конвенцијата, соопшти владината прес-служба.
извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шпионски софтвер на израелска компанија бил користен за хакирање на телефони на американски функционери

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео

Трамп: Хамас мора да се разоружа, во спротивно САД ќе интервенираат

October 15, 2025

Грчките супермаркети ги намалуваат цените на над 2.000 основни производи за 8%

October 15, 2025
Скриншот

Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk