ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали Радев ќе се согласи со позицијата на „Промените продолжуваат“ за Северна Македонија?

December 6, 2021 11:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот претседател, Румен Радев, серијата политички консултации денеска ја почна со претставниците на победнилката партија „Промените продолжуваат“, јави дописникот на МИА од Софија.

На почетокот од средбата Радев од копретседателите на новоформираната партија Кирил Петков и Асен Василев, чија коалиција победи на парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември, побара да го слушне нивниот став за Република Северна Македонија.

Тој побара да знае што „Промените продолжуваат “ мислат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, идентитетот, историјата и културата во Република Северна Македонија, бидејќи бугарското општество очекува доследна акција од нивната дипломатија.

Двајцата претставници на „Промените продолжуваат“, не му го соопштија јавно својот став на бугарскиот претседател.

-Довербата на бугарските граѓани не се дава како подарок и таа мора да се одбрани, рече Радев, според кого преодните бугарски влади ја стабилизирале земјата и покажале дека во неа може да има заедничко дејство.

Ефикасното владеење во земјата може да има само доколку се има взаемно почитување, а според Радев, времето на едноличната власта во Бугарија е завршено и надежта за нејзино обновување е категорично отфрлена.

Петков, копретседателот на „промените прродолжуваат, кажа дека е свесен за потребата од функционална влада и парламент, додавајќи дека наскоро ќе можат да ја претстават предлог-владата врз основа на коалиција од четири партии.

Петков не се обврза на конкретен рок за формирање на новата бугарска Влада, но изрази надеж дека таа што поскоро ќе стане реалност. Тој додаде дека „Промените продолжуваат“ го избра принципот на пропорционалност – секоја од партиите во идната коалиција да биде блиску до нивните гласови застапени во неа.

И Петков коментираше дека без разлика дали сте левичар, центар или десничар, на Бугарија и требаат автопати, безбедни брани, добри приходи и да ги врати Бугарите од странство.

извор: МИА

Next Post

Бочварски: Стоиме на располагање на истрагата за несреќата

НАЈНОВО

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk