ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Политичкото клатно почнува да го менува правецот

Во денешно време, политичките трендови се менуваат додека кажеш „пиксла“, она што делува сигурно, за некој месец може да се претвори во фатаморгана, и обратно. Ајде малку за обратното...

December 6, 2021 08:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Погледајте го овој ироничен сплет на околности: така се погоди што идниот викенд, на 12 декември, владејачката СДСМ на општи партиски избори ќе го бира својот нов претседател меѓу три потентни кандидати; додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ на конгрес како оние од најубавите времиња на „демократскиот централизам“, едногласно ќе го назначи Христијан Мицкоски повторно за свој партиски претседател. Што ти е демократија…

А, не толку одамна, политичката судбина на Мицкоски висеше „на конец“, предизвикана од незадоволството на неколку заговорнички фракции во неговата партија, од истите оние кои сега масовно се туркаат околу неговото лидерско здолниште да бидат примени назад во партиската номенклатура. На Заев, пак, пред неполна година кариерата му изгледаше издлабена во „каменот на вечноста“, а денеска тој е на сигурен пат – што повеќе личи на лизгава и тесна планинска врвица – засекогаш, по сопствен избор, да замине во македонската политичка историја.

Една пандемија и една евро-бугарска блокада чуда направија.

Оваа политичка лекција е вечна: трендовите се менуваат додека кажеш „пиксла“, она што неделава делува сигурно, за некој месец може да се претвори во фатаморгана, и обратно. Ајде малку за обратното…

Ете, на пример, пандемијата. Најавите се толку контрадикторни, како небо и земја! Еден нов сој роден во некој далечен агол на земјината топка, тргнат да го покори светот, може да ја продлабочи неизвесноста што и така болно ја растури илузијата во која сите живеевме угодно занишани во релативната сигурност на современата медицина. Но, наеднаш, спротивните прогнози се дека токму тој брзоширечки сој самиот ќе ја „исцрпи“, ќе ја задуши смртоносната заразност на вирусот до мера да не останат незаразени (и невакцинирани) луѓе, а со тоа да се предизвика крај на пандемијата.

Истото важи и за евро-бугарската блокада: ако се слуша возбудата со која Мицкоски ја коментира можната брза разврска за формалното отпочнување на преговорите за нашата евро-интеграција – откако долго предвидуваше дека за договор нема никакви шанси, наеднаш викендов изјави дека тој нема да признае никакво решение постигнато меѓу Софија и Скопје со оваа Македонска влада – изгледа како шансите за тоа навистина да се зголемуваат. Тоа го објаснува брзањето на опозицијата за одење на итни вонредни избори, ем да го оневозможат таквиот расплет додека тие не дојдат на власт (што е жално само по себе), ем таквата разрешница пост-изборно да си ја припишат како заслуга за себе. Иако, објективно, со прст не мрднаа за таков поволен расплет на блокадата.

Свесна е опозицијата – сите таму, не само Мицкоски – дека со таков пандемиски и евро-интегративен пресврт, натпреварот на следните, редовни, парламентарни избори може да биде со поголема предност за сегашните партнери во власта одошто за нив. Тоа е истата власт чијшто парламентарен опстанок пред две недели висеше „на конец“ – како опстанокот на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ не толку одамна – но, откако опозицијата брзоплето ја пропушти можноста со гласање недоверба на Владата конецот да го скине, сега трендовите се обратни, конецот полека се претвора во ортома на која ќе видиме кој ќе се „обеси“ на следните избори.

Еден крај на пандемијата и еден пробив на евро-бугарската блокада може чуда да направи. Особено со зголемено и стабилизирано парламентарно мнозинство.

Што ти е политика! Во еден момент си горе, другиот долу, ако си денеска главниот актер во расплетот, веќе утре си главната цел на тој расплет. Политичкиот моментум е како клатно кое оди од една во друга крајност: пропуштиш ли да го сопреш кога тебе ти е во корист, брзо и магично се врти против твојот интерес. А, публиката се ниша на истото клатно, секогаш фаворизирајќи ги победниците повеќе од губитниците.

Ех, политика!

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

 

Next Post

Путин се надева дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk