ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разузнавачите во поранешното УБК, Лазаревски и Костовски, добитници на наградата „Мето Јовановски“

December 6, 2021 14:05
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПОЛИТИКА

Разузнавачите во поранешното УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, кои го открија незаконското прислушкување, се овогодинешни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Министерството за култура соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година на својата последна седница донел одлука Лазаревски и Костовски да ја добијат наградата за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2021 година на свечемост во Собранието.

Лазаревски и Костовски од Управата за безбедност и контраразузнавање ги извадија „бомбите“ и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК Зоран Верушевски. Тие беа уапсени во февруари 2015 година, како обвинети во случајот „Пуч“, веднаш откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги пушта „бомбите“. Костовски се спогоди со Обвинителството и призна дека е виновен за неовластено прислушување и шпионажа, по што беше осуден на три години затвор. Лазаревски не призна вина и остана 11 месеци во притвор. Костовски беше пуштен од затвор во април 2016 година, по аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Поранешното Специјално јавно обвинителство-СЈО отвори предмет „Таргет-Тврдина“ во кој беше посочено дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20 000 граѓани. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Предметот заврши со пресуда во која обвинетите, меѓу кои беа и поранешниот доиректор на УБК Сашо Мијалкков, поранешната министерка за внтарешни работи Гордана Јанкуловска, Никола Бошковски, Горан Грујоски…. добија вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор./МИА/.

Next Post
Белоглав мршојадец, Фото: МЕД

Ниту една казна за труење диво животно, спасени 18 белоглави мршојадци

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk