ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Симовски: Миграцијата создаде дупки во демографската пирамида, државата губи жива сила, а опаѓа и наталитетот

Кога има иселување од државата двојно се губи, прво жива сила, заминуваат и не придонесуваат во развојот на државата, а второто е дека се губи и оној потенцијал за наталитет. Во најголем дел мигрантите се млади луѓе кои го носат со себе и природниот прираст и влијаат индиректно и на бројот на раѓањата, тоа влијае врз промените во старосната структура, вели Симовски.

December 6, 2021 09:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Во наредниот период Државниот завод за статистика кој успешно го спроведе пописот на населението во септември годинава, наскоро ќе излезе со привичните податоци за состојбата со населението, домаќинствата и становите. На пописот попишани се вкупно 1.832.696 граѓани, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. За пописот, миграцијата и наталитетот зборува првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во Утрински брифинг.

-Сега следи фазата од пописот која што се работи во нашата институција, обработка на пописниот материјал. Знаете дека имавме два типа на попис – попис на терен и попис на дијаспората кој што се одвиваше по пат на самопопишување по пат на интернет конекција. Овие две бази требаше да се спојат, нив ги споивме и сега ги обработуваме податоците од аспект на утврдување на контингентите на население 0 на резидентно и на нерезединетно население, изјави за Утрински брифинг Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

-Ова е процес кој што претходно беше осмислен, каде што беа дефинирани чекорите по кои што ќе постапуваме во обработката на пописниот материјал. Одиме по планот, воопшто не заостануваме во одредени делови. Сите работи се одвиваат според плановите, вели Симовски.

Според него базата на државјани на РСМ брои повеќе од 2.430.000 лица, а пописот опфативме околу 1.840.000.

-Тоа не значи дека податоците не се точни. Искрен да бидам не очекувавме дека ќе опфатиме повеќе, особено што имавме една голема антикампања, вели за УБ директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој најави дека објавувањето на податоците ќе биде сукцесивно, ќе следува изработка на табели и постои можност за пописен хаб каде корисниците ќе можат сами да си подготвуваат табели директно од базата и тоа е прилично сложена постапка која ја користи Евростат.

-Секој корисник сам да го добие она што го сака и да си креира табели. Се бира тоа што го интересира, и такво нешто секако ќе имаме, нагласи Симовски.

Според него вкупната бројка од над 1.800000 попишани граѓани покажува дека има зголемена миграција во изминатиот 20 годишен период, која влијае на другите фактори:

-Кога има иселување од државата двојно се губи, прво жива сила, заминуваат и не придонесуваат во развојот на државата, а второто е дека се губи и оној потенцијал за наталитет. Во најголем дел мигрантите се млади луѓе кои го носат со себе и природниот прираст и влијаат индиректно и на бројот на раѓањата, тоа влијае врз промените во старосната структура. Се прават дупки во таа демографска пирамида и таа денес повеќе личи на дрво отколку на пирамида бидејќи подножјето е многу помало и имаме првичен столб кој фактички треба да се полни да е многу мал. Тоа значи пореметување на соодносот со бројот на раѓања и умирања, тоа значи диспропорција во територијалниот распоред на населението, внатрешните миграции исто влијаат, помалку деца во образованието, поголемо внимание на пензиските фондови итн, рече Симовски.

Next Post

Дебата „Историја и политика – Република Македонија / Република Северна Македонија и нејзините соседи“

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk