Детската претстава „ТРИ“ прва на знаковен јазик е посветена на еко-катастрофата која се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Акцентот во претставата е ставен на селекцијата на отпадот, пластичните отпадоци кои треба да се фрлаат во сина корпа, хартијата во жолта, а останатите отпадоци во зелена корпа.
Режисерот Ристовски во изјава за Фронтлајн вели дека идејата за претстава „Три“ ја добил од музички фестивал каде што имало монолог преведен на знаковен јазик на кој децата се воодушевиле.
Оваа претставата е работена по легендата од Марко Цепенков за овчарот и трите самовили.
Претставата е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура, а е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.
Мартина Ацковска