ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Блупринт група: Извршната власт и политичките партии да се воздржат од изјави со кои се доведува во прашање независноста на судската власт

December 7, 2021 16:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната власт и политичките партии треба да се воздржат од изјави и дејствија со кои се доведува во прашање независноста на судската власт, се вели во реакцијата од Блупринт групата за реформи во правосудството во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека е постигната согласност со лидер на Алтернатива, Африм Гаши, Владата да испрати официјално барање до Европската комисија со кое ќе побара тим од независни експерти да извршат меѓународна истрага за неколку правосилно завршени судски процеси.

– Според објавените информации се работи пред сѐ за предметите: „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алмир Алиу“, кои заради последиците кои ги предизвикаа како и меѓуетничкиот предзнак влијаеа особено поларизирачки врз општеството. Ваквата практика, со политички договори, помеѓу претставници на политички партии да се договора „меѓународна истрага“ на правосилно завршени судски предмети, притоа заобиколувајќи ги воспоставените механизами во рамки на правосудниот систем, ја доведува во прашање искреноста на Владата во почитување на принципот на поделба на власта и гарантирање на независноста на судската власт, се вели во соопштението од Блупринт групата.

Независноста на судството, стои во реакцијата на Блупринт групата, уставно е гарантирано начелото кое предвидува обврска за сите останати гранки на власт да се воздржат од дејствија со кои ја загрозуваат, како и да создадат услови за нејзино почитување.

– Не треба да постои било какво несоодветно или неоправдано мешање во судењето кое што меѓу другото предвидува дека судските одлуки можат да се менуваат единствено од страна на судовите во постапка предвидена со закон. Домашниот правен систем предвидува механизми за „отворање“ на правосилно завршени постапки. Законот за кривичната постапка ги уредува условите, постапката и надлежниот суд пред кои одреден правосилно завршен судски предмет може да се повтори. Дополнително, доколку постојат индиции дека судиите кои постапувале нестручно и несовесно ја вршеле  судиската функција или пак сториле дисциплинска повреда постои постапка за утврдување одговорност пред Судскиот совет на РСМ. Аналогно, постои и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за јавните обвинители, се вели во реакцијата од Блупринт групата.

Блупринт групата, исто така, посочува дека меѓународната заедница која е присутна преку своите организации во нашата земја континуирано врши мониторинг на работата на судството и обвинителството, како и на судските предмети, а за што постојат и извештаи од следењето на прогресот во реформите во правосудството, како на пример, годишниот извештај на ЕУ за напредокот, извештаите на Прибе, на ГРЕКО, при што потсетуваме дека и во случаите кога наодите од споменатите извештаи се негативни, тие не се основ за повторување на судски процеси, туку за тоа постојат законски механизми за повторување на судските постапки.

– Заобиколувањето на домашните и меѓународните судови и воспоставените правни механизми и нивната замена со ад хок политички решенија за „меѓународни истраги“ влијае негативно на довербата на граѓаните во правосудството, како и ги доведува во прашање спроведените реформи во правосудството во последните неколку години. Во исто време, оваа вонинституционална практика создава чуство на правна несигурност, но дава и лажна надеж дека постои „друга“ инстанца која е над судовите во Република Северна Македонија, а со што сериозно се нарушува почитувањето на темелните вредности на Уставот, поделбата на власта и владеењето на правото, се вели во реакцијата на Блупринт групата.

Блупринт групата, ги повикува и охрабруваме претставниците на правосудните институции, особено Судскиот совет, Врховниот суд, Советот на јавни обвинители како и Јавниот обвинител на РСМ да преземат соодветни дејствија согласно со закон за да ја заштитат независноста и интегритетот на правосудниот систем и укажуваат дека осудените лица како и оштетените имаат право да поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права доколку сметаат дека со постапувањето на домашните правосудни институции им е повредено одредено право заштитено со Европската конвенција за заштита на човековите права.

Блупринт група за реформи во правосудството е составена од Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за човекови права (ИЧП), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Хелсиншки комитет за човекови права,  Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

извор: МИА

Next Post

(ВИДЕО) Словенечката ТВ 24 часа: Убав гест, улица во Берово именувана по Словенец

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk