ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска на отворањето на Едукативниот центар на Црвениот крст: Со преквалификацијата и доквалификација до зголемени можности за вработување

December 7, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преквалификацијата и доквалификацијата овозможуваат брзо стекнување на вештини и знаења, а со тоа и оспособување за занимања за кои пазарот на труд има потреба. Во услови на интензивни општествени промени, овие форми на учење се клучни за зголемување на можностите за вработување и директно влијаат врз економскиот раст, потенцијалот и конкурентноста на локалните економии. Црвениот крст на Република Северна Македонија преку Центарот за обуки на возрасни со преквалификација и доквалификација со верификувани програми ќе придонесе за обезбедување на  дефицитарен кадар, како што се негователи во домашни услови, негователи за палијативна нега и за алцхајмерова болест како и персонални асистенти, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на настанот по повод отворањето на првиот ваков центар во Скопје.

„Ме радува што имаме тренинг едукативен центар за возрасни опремен според сите светски стандарди, кој ќе биде пример во регионот. Преку верификувани обуки, овој Едукативен центар ќе обезбедува квалитетен кадар за поддршка за локалните заедници и на граѓаните на кои им е потребна нега“, нагласи Царовска, додавајќи дека мрежата на тренинг-центри треба да се прошири во другите општини низ државата, за да им се овозможи на граѓаните полесен пристап до обуките.

Министерката информираше и за измените и дополнувањата на Законот за образование на возрасните кој е во Собраниска процедура, со кој се прават суштински промени во организирањето и управувањето на системот на образование на возрасните

„Ги повикувам пратениците да ја изгласаат законската регулативата со која се поедноставувуваат процесите за верификација на програмите за обука, со што ја олеснуваме работата на Центрите за обука на возрасни“, укажа министерката.

Новата регулатива ќе го олесни процесот на  верификацијата на посебните програми и на институциите за образование на возрасни, којшто целосно преминуваат во надлежност на Центарот за образование на возрасни, а самата постапка за верификација се забрзува и ќе трае најмногу 30 дена.  Дополнително, се зголемува и периодот на траење на верификациите од три на пет години. Се воведува и ре-верификација, што значи дека веќе верификуваните програми, кои се позитивно оценети од стручниот инспециски надзор, нема да подлежат на нова верификација, туку автоматски ќе им биде продолжена претходната верификација за нови пет години. Се воспоставува и систем за вaлидација на неформалното и информалното учење, со единствена цел да се унапреди видливоста и транспарентноста на вештините и компетенциите на работната сила во рамките на пазарот на трудот кој има недостаток од квалификувани работници.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk