ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Ги вклучуваме младите на пазарот на трудот и системски ги намалуваме невработеноста и неформалната економија

December 7, 2021 19:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево имаше онлајн состанок со Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од Бергљот Бјорнсон Баркбу, на кој меѓудругото, се разговараше за заздравувањето на економијата после пандемијата Ковид – 19, вработеноста на младите, формализирањето на неформалната економија, како и движењето на работната сила на долг рок.

Министерката Шахпаска информираше дека и во време на економска криза, предизвикана од здравствената криза, нашата држава бележи историски најниско ниво на невработеност од 15,9 проценти, што е јасен показател дека политиките на Владата, како и шесте пакети економски мерки дале позитивен резултат.

„И минималната и просечната плата во изминатиов период имаат тенденција на раст. Позитивниот тренд на платите продолжи и во 2021 година, просечната нето плата за септември 2021 година е за 5,3 проценти повисока во однос на истиот месец 2020 година. И во период на пандемија, во согласност со законската регулатива овозможивме усогласување и на минималната плата“, нагласи министерката Шахпаска.

Претставниците на мисијата на ММФ се интересираа какви мерки Владата презема за да им помогне на ранливите категории на граѓани, во делот на потребите за електрична енергија и други енергенси.

Министерката Шахпаска информираше дека со измените на Законот за социјална заштита, во време на пандемија, за речиси 36.000 приматели на Гарантирана минимална помош, како и за околу 7.500 приматели на социјална пензија обезбеден е додаток од 1000 денари за енергенс во текот на целата година, а не само за шест месеци како што беше претходно. Дополнително, Владата подготвува Програма за енергетска поддршка која ќе го зголеми опфатот на граѓани на кои ќе им биде овозможена ваква поддршка“, нагласи министерката Шахпаска.

Во однос на неформалната економија министерката Шахпаска оцени дека Владата, преку систематски и мултисекторски пристап, како и преку повеќе мерки и проекти работи на формализација на неформалната економија.

„Во тој контекст се и мерките предвидени во Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, потоа Стратегијата за социјално претприемништво и законската регулатива за социјални претпријатија на која во моментов работиме, а кои ќе овозможат активирање на пазарот на трудот на најтешко вработливите. Секако работиме и на јакнењето на свеста за придобивките од формализирање на неформалната економија, но и организиран пристап во дејностите како што се земјоделието и градежништвото каде што неформалната економија е најзастапена“, додаде министерката Шахпаска.

Во однос на вработувањето на младите, министерката за труд и социјална политика нагласи дека младинските политики што ги спроведува МТСП и Владата дадоа позитивни резултати, односно доведоа до пораст на вработеноста кај младите од 15 до 29 години од 30,2 проценти во 2017 година, на 34,6 проценти во вториот квартал од 2021 година.

Next Post

Царовска: Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование

EVN

НАЈНОВО

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

Бојан Маричиќ избран за претседател на Државната изборна комисија

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk