ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование

December 7, 2021 20:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем гледаме како можност за севкупен општествено-економски напредок на Северна Македонија и исчекор кон интегрирањето на земјата во европското семејство.

Оттаму се поттикнати и нашите интензивни заложби за реформирање на образованието. Целта е да обезбедиме што повеќе и подобри образовни можности за нашите граѓани од најрана возраст, затоа што влогот во човечкиот капитал е всушност основа за развој на сé друго.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусија организирана во рамки на Самитот за земји од Западен Балкан, посветен на перспективите на регионот и промена на пристапот за негово интегрирање во ЕУ, на која, покрај државници од земјите од овој регион, учествуваа и високи претставници од институциите на Европската Унија.

„Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование. Затоа создаваме образование подготвено да одговори на нови предизвици, а дигитализацијата и пристапноста на училиштата се едни од главните вложувања за обезбедување квалитетно образование за секое дете. Исто така ја враќаме атрактивноста на средните стручни училишта. Оваа промена е важна, бидејќи ги подготвува младите за струки барани од компаниите, со што ја зголемуваме можноста за побрзо вработување“, рече Царовска. Министерката истакна дека сé повеќе средства се двојат и за инвестиции во високото образование, но и во применета наука која е корисна за државата.

„Потребно е да ја зголемиме довербата во науката, за да го намалиме верувањето во теории на заговор и лажни вести. Тоа го правиме со воведување на нови наставни програми кои ќе поттикнат критичко размислување кај учениците“, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН и Владата имаат добар образовен план, креиран преку широка јавна дебата со учество на сите релевантни чинители, кој сега за сега ги дава проектираните ефекти и како што рече, со задоволство го споделуваме како национално искуство кое можеби ќе им помогне и на другите земји од регионот во планирањето на образовните политики и промени. Министерката Царовска, која е дел од мрежата на млади лидери, говореше и за поддршката на младите и нивната вклученост во креирањето на политиките кои се директно поврзани со нив.

„За првпат во образованието воведовме национални стандарди за учење кои се систем на вреднување за постигнувањата од учење. На овој начин ја враќаме довербата на младите во образовниот систем и ги поттикнуваме на знаење.Мора да ги поддржиме младите и во создавањето на силна платформа преку која ќе влијаат на општествените промени кои се во нивен интерес“, рече Царовска.

Министерката истакна дека самитот е одлична можност за размена на искуствапомеѓу земјите од Западен Балкан, во процесот кон ЕУ кој е крајна стратешка цел на државите кои ги претставуваме“, потенцираше Царовска. Самитот за Западен Балкан се одржува онлајн, а го организира интернационалното здружение „Пријатели на Европа“ кое се заложува за проширување на Унијата, со поддршка од европската програма „Европа за граѓаните“, УНДП и Регионалниот совет за соработка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Што им кажа Слот на играчите на Ливерпул – како да продолжат по смртта на Жота?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk