ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заев: Животот и делото на Конески се судбински врзани со раѓањето на македонската државност

December 7, 2021 10:29
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Блаже Конески

Блаже Конески

Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонска државност, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

– Со неговата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, заедно со останатите македонски лингвисти, учествуваше во кодификацијата на македонскиот јазик донесена во спроведувањето на одлуката на Првото заседание на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен во новоформираната македонска држава, објави Заев.

Неколку месеци подоцна, подвлекува, во ноември 1944 година, Президиумот на АСНОМ назначи и Комисија за македонската азбука и за македонскиот правопис, и како член на двете комисии Конески беше движечки учесник во овие процеси.

Заев пишува дека тој иницираше и учествуваше во создавањето на темелите на нашата современа институционална меморија со својот придонес во основањето на Македонската академија на науките и уметностите, на катедрата на македонски јазик на филолошкиот факултет и на Институтот за македонски јазик, на Друштвото на писателите на Македонија.

– Големината и историското значење на неговата работа на тој план во основата го има неговото темелно истражување и поврзување на корените на македонскиот јазик, неговите промени и зреење кое Конески го наоѓаше во старословенските извори запишани со глаголица или кирилично писмо, како и записите на преродбениците и културните дејци од првите децении на дваесеттиот век, напиша премиерот Заев.

Годинава, кога ја чествуваме и 100-годишнината од раѓањето на Конески, подвлекува тој, не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик, ги чествуваме и неговото научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата.

Вечно ќе го чуваме и негуваме споменот на него и неговото дело, објави Заев на ФБ.

Блаже Конески, една од најважните фигури во современата македонска историја, култура и книжевност, е роден на 19 декември 1921 година во село Небрегово, а почина во Скопје, на 7 декември 1993 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk