ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

ММФ: Албанија со најголема сиромаштија во регионот, Србија со најниска

Што се однесува за земјите во регионот, стапката на сиромаштија во Косово се зголемила на 23,4 отсто во 2020 година (од 20,9% во 2019 година). Во Северна Македонија показателот достигна 18 проценти (од 16,9%), додека во Црна Гора значително се зголемил, од 14,5 отсто на 20 проценти.

December 8, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата и катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019 година, ја зголемија сиромаштијата во Албанија и таа и понатаму е највисока во регионот.

Во 2020 година една третина од населението живеело со помалку од 5,5 долари дневно.

-Во Албанија, во 2020 година, што се совпаѓа со кулминацијата на пандемијата со Ковид-19, една третина од населението или 32,6 отсто се сметало за сиромашно, за разлика од 31,8 отсто претходната година. Наспроти тоа, социјалната заштита на населението е меѓу најниските. За 2021 година нивото на сиромаштија се очекува благо да се намали на 30,8 отсто, се наведува во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, (ММФ) за напредокот на земјата.

Се додава дека стапката на сиромаштија во Албанија е една од највисоките во Западен Балкан, додека нејзината покриеност со социјална заштита е меѓу најниските.

-Според ММФ, се проценува дека сиромаштијата во земјата се зголемила за 0,8 процентни поени по земјотресот и пандемијата, враќајќи се на делумно влошување, по периодот на подобрување што започна од 2014 година. Благодарение на силното економско закрепнување во 2021 година и владините мерки за поддршка, Светска банка проценува пад на стапката на сиромаштија под нивоата пред пандемијата во 2021 година, пренесува Топ чанел.

Што се однесува за земјите во регионот, стапката на сиромаштија во Косово се зголемила на 23,4 отсто во 2020 година (од 20,9% во 2019 година). Во Северна Македонија показателот достигна 18 проценти (од 16,9%), додека во Црна Гора значително се зголемил, од 14,5 отсто на 20 проценти. Најниска сиромаштија има во Србија, 17,4 отсто речиси непроменета во однос на годината пред пандемијата (17,3%). /МИА/.

Next Post

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk