ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања

December 9, 2021 10:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 16. по ред состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот.

На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, не беа усвоени никакви решенија и препораки.

Членовите на Комисијата од македонската страна за МИА тогаш брифираа дека не биле усвоени решенија и препораки поради „исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање на минатото“.

Во пресрет на денешниот состанок на Комисијата, копретседавачот од  бугарска страна Ангел Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.

– Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров.

Тој во гостувањето на БНТ наведува и дека македонските историчари не се подготвени да работат „според принципите карактеристични за секоја наука – упатувањето и почитувањето на фактите и изворите“. Се впушта и во политички коментари за односите меѓу Скопје и Софија.

-Би сакал да кажам дека Република Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа, изјави Димитров според кого, бугарската позиција кон земјава е „совршено јасна“, но прашање е колку таа е добро претставена и дали некој сака да ја сфати.

Мешовитата македонско-бугарска комисија беше формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година. Ова е последниот петти состанок на Комисијата за оваа година. /МИА/.

Next Post

Кучињата може да научат до 215 зборови и фрази

НАЈНОВО

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025
Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk