ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home БРОЈКИ

47 милиони евра исплатени за неживотно осигурување

December 10, 2021 11:53
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Осигурителните компании во првите девет месеци од годинава  исплатиле 47 милиони евра за неживотно осигирување. Исплатени се над 55 илјади штети што е за 20 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето информираат дека вкупниот износ на исплатени штети во овој период е за 6,9 милиони евра или за 17 отсто повисок во однос на истиот период лани.

Од штети на осигурен имот, која е најголемата доброволна осигурителна класа, осигурениците наплатиле вкупно 7,6 милиони евра што е 22,6 отсто повеќе од истиот период минатата година. Притоа, физичките лица од штети на осигурен имот наплатиле 3,23 милиони евра што е за 11 отсто повеќе од лани, а на правните лица, пред се на компаниите, за штети на имотот им биле исплатени 4,4 милиони евра или 33 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. 

Кај приватното здравствено осигурување, кое е најбрзорастечката класа, исплатени се 90 отсто повеќе средства во споредба со првите девет месеци лани. Осигурениците од нивните полиси за приватно здравствено осигурување наплатиле 2,33 милиони евра.

Кај осигурувањето од незгода, која е најбројна осигурителна класа со над половина милион склучени договори, до крајот на септември исплатени се 5,4 милиони евра или 18 проценти повеќе од лани. Во делот на каско осигурувањето, исплатени се штети на исто ниво како и минатата година.

– Кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност компаниите на осигуреници исплатиле 1,26 милијарди денари (20,54 мил.евра) заклучно со крајот на септември годинава. Тоа е за 19 отсто повеќе односно 203 милиони денари (3,3 мил.евра) повеќе од истиот период лани. По основ на штети покриени со зелен картон осигурителните компании за првите девет месеци исплатиле 215 милиони денари (3,5 мил.евра) што е за 2 отсто помалку од истиот период лани, информираат од АСО. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk