ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кучињата разбираат над 200 човечки зборови и фрази

December 10, 2021 18:15
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Дали миленичињата не разбираат? Ова е прашање што возбудува многу сопственици на кучиња. И според една нова студија, кучињата можат да разберат повеќе отколку што многумина мислат.

Канадските научници кои проучувале 165 кучиња и нивните сопственици тврдат дека животните разбираат меѓу 15 и 215 човечки зборови и фрази.

Во просек, миленичињата во студијата можеле да препознаат 89 зборови – колку и 18-месечно бебе.

Според Кетрин Рив и Софи Жак од Катедрата за психологија и невронаука на Универзитетот Далхаузи, способноста на животните да учат се должи на нивните блиски односи со луѓето.

„Поради нивната еволутивна историја и блискиот однос со луѓето, домашните кучиња научија да реагираат на човечките вербални и невербални знаци на ниво неспоредливо со другите видови“, велат истражувачите, цитирани од Sky News.

Студијата заклучи дека кучињата одговараат најадекватно на командите, но од друга страна имаат помалку разбирање за зборовите поврзани со предмети.

Речиси сите кучиња одговараат на сопственото име и основните команди како „дојди“, „долу“, „остани“, „чекај“, „не“, „океј“ и „остави го ова“.

Повеќето од нив почнуваат да мавтаат со опашката кога ќе слушнат фрази за одобрување, по што обично добиваат „добра девојка“ или „добро момче“. Сепак, многу малку четириноги се способни да одговорат на поневообичаени команди како „гласно лај“.

Сепак, истражувачите велат дека кучињата може да реагираат на одредени фрази или зборови бидејќи ги поврзуваат со одредени последици, но не задолжително го разбираат нивното значење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Мета

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ

НАЈНОВО

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

September 28, 2025

Гаши: Изборите не се институционална формалност, упатувам јасен повик до сите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk