ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ

December 10, 2021 18:19
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети седиштето на Европската Унија каде одржа прес конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата на Ковид кое е многу важно за Европа, приоритет е висока стапка на вакцинација, како и вакцината да се направи достапна и атрактивна за сите, изјави Шолц по средбата со Фон дер Лајен.

Потоа тој се осврна на зелената политика на Германија, која е поамбициозна од таа на Европската Унија. Канцеларот истакна дека Германија има цел да постигне климатска неутралност до 2045, односно пет години пред целта зацртана од ЕУ.

– Последица на тоа значи дека ќе туркаме за обновливи енергии на таков начин што ќе и овозможиме на индустријата да стане климатски неутрална, рече германскиот канцелар.

Фон дер Лајен од своја страна изрази задоволство по разговорите со Олаф Шолц со кого таа во минатото соработувала два пати во германски влади. За шефицата на ЕК пандемијата исто така е врвен приоритет.

– Гледаме највисоки нивоа на инфекции во некои земји членки на ЕУ, делта сојот е најприсутен сега, но омикрон е присутен речиси во сите земји и научната заедница засега не знае колку е тешка болеста, но она што е јасно е дека сојот е многу заразен, бројките дуплираат секои два до три дена и најдобрата заштита што ја имаме се три дози на вакцина, изјави Фон дер Лајен.

Таа се осврна на Русија и нејзината воена активност на границата со Украина, една од главните теми на разговор со германскиот канцелар.

– Сакаме деескалација и прекин на агресијата против соседите, како и почитување на суверените права на нации, во спротивно ЕУ ќе мора да ги интензивира санкциите и да донесе дополнителни мерки, ние сакаме добар однос со Русија, но тоа ќе зависи од начинот на кој таа ќе се однесува, рече Фон дер Лајен.

Во однос на барањата на Франција за поголема флексибилност во буџетските правила во ЕУ, нешто за што Ангела Меркел одбиваше да попушти, претседателката на ЕК на прес конференцијата денеска рече дека разговарале за изнаоѓање компромис на оваа тема, но засега, со оглед на пандемијата која сѐ уште трае, правилата остануваат пофлексибилни.

Фон дер Лајен додаде дека на европската економија ќе и бидат потребни дополнителни инвестиции. По завршувањето на кризата ќе се преговара за идните буџетски чекори.

Next Post
Поглед на планетата Земја (НАСА)

SpaceX лансираше сателит за набљудување на црната дупка

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk