ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политиката на проширување на ЕУ и европското досие на земјава теми на разговор од посетата на Димитров на Берлин

December 10, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Политиката на проширување како најважната алатка на надворешното дејствување на Европската Унија и македонското евроинтегративно досие како клучно за кредибилитетот на Унијата беа темите на денешните средби во Берлин на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) – Стефано Санино и со државниот секретар во германското МНР, Мигуел Бергер.

Средбата со генералниот секретар Санино се одржа на маргините на годишната конференција на ECFR Советот во којшто членуваат и двајцата соговорници.

Генералниот секретар Санино, како што соопшти СЕП, истакнал дека најважниот чекор напред во политиката на проширување е почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

На средбата со државниот секретар Бергер била реафирмирана цврстата германска поддршка за европската интеграција на Северна Македонија.

-Европската перспектива е лепакот што ги соединува прогресивните сили во регионот. Обновувањето на довербата во политиката на проширување е можно само преку успех во македонското европско досие, изјавил Димитров на средбата.

Државниот секретар Бергер нагласил дека Германија ќе продолжи интензивно да работи на ова прашање што е наведено како приоритет и во коалициониот договор на новата Влада.

На маргините на годишната конференција на ECFR Димитров имаше средба и со новоназначениот, иден претседавач со Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Кристоф Хојсген кој ќе го наследи амбасадорот Ишингер.

Димитров и Хојсген, како што соопшти СЕП, разговарале за проширувањето на ЕУ низ призмата на обезбедување стабилност и сигурност. Во тој контекст, претседавачот Хојсген ја истакнал важноста на Преспанскиот договор како еден од столбовите на регионалната безбедност и соработка на Западниот Балкан и пошироко. Работната посета на Берлин ќе биде заокружена со првата средба со новоименуваната министерка за Европа Ана Лирман и состанок во берлинската канцеларија на тинк тенкот Европска иницијатива за стабилност (ESI).

извор: МИА

Next Post
Фото: Branko Starcevic / Focus Features

Новиот филм на Горан Столевски влезе во официјалната селекција на Sundance 2022

НАЈНОВО

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

August 25, 2025

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk