Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје (1). Починатото лице е на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.
Направени се 3.608 тестови преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-176, Биотек-214, Систина-50, лабораторија Лаор-202, Синлаб-30, Ремедика-16, Плодност–52, Генеа-9, Никоб лаб-453, ВФВ Медикал-90, Ели Медика-54, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–29, Нова Лаб Дијагностика–6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.335.
Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.