ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Јужна Африка прва го пријави сојот Омикрон во СЗО

December 11, 2021 20:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење во врска со најновиот сој на корона вирусот:

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции дека е позаразен, а уште не е познато дали предизвикува потешка клиничка слика кај пациентите кои се заразиле со него.

Јужна Африка. Објава на 24 ноември 2021 година. Се бара запирање на испорака од Фајзер и Џонсон. Потоа, чудесно појавување на Омикрон. Брее, како повод за напад пред војна. Психолошки-терористичка пропаганда пуштена на најјако. Не им оди се по планот, оти мислеа дека сме ретардирани, ама ете, не сме до толку, пишува во постот кој го рецензираме.

Меѓутоа, Јужна Африка не побарала од производителите на вакцини да престанат да испорачуваат вакцини, туку да ја одложат испораката. Причината е што во оваа земја има доволен број на вакцини како залиха, кои не се искористени. Во Јужна Африка целосно вакцинирани се само 35 проценти од населението, повисока стапка од повеќето африкански држави, ама половина од таргетот кој владата на оваа држава го поставила за до крајот на годината. До крајот на годината има уште еден месец, а вакцини премногу. Затоа, побарано е да не се испраќаат повеќе дози од производителите, додека не се потрошат оние што се на залиха.

Имаме 158 дневна залиха во моментот и затоа одложивме некои од дозите, изјави за Ројтерс портпаролот на министерството за здравство не прецизирајќи кога ќе се случат идните достави.

Ставрос Николау, извршен директор на „Аспен Фармакер“, компанија која пакува 25 милиони дози вакцини од „Џонсон и Џонсон“ за Јужна Африка, вели дека повеќето од овие вакцини што биле наменети за Јужна Африка, сега ќе одат за други држави на континентот.

Портпаролот на „Фајзер“ пак изјавил:

Остануваме адаптибилни на сите индивидуални барања на земјите, додека продолжуваме да ги исполнуваме нашите обврски со Јужна Африка.

Сосема е неточно да се инсиуира дека фармацевтските компании „Фајзер“ или „Џонсон и Џонсон“ имаат било каква поврзаност со сојот омикрон и дека сојот се појавил бидејќи Јужна Африка побарала да не се испраќаат повеќе дози од производителите за оваа држава додека не се истрошат старите.Зошто?

Затоа што сојот омикрон е детектиран не од „Фајзер“, не од „Џонсон и Џонсон“ и не од некоја западноевропска или американска држава, туку од самата Јужна Африка!

Јужна Африка е првата држава во светот која ја информираше Светската здравствена организација за појавата на нов, специфичен сој, чија мутација на шилестиот протеин е поголема од 30 пати, а пациенти заразени со омикрон, првпат се појавиле на почетокот на ноември во докторската ординација на лекарка од Јужна Африка со необични симптоми, меѓу кои, најдоминантни биле исклучителен замор, главоболка и болки во телото.

Претседателот на Јужноафриканската Република Кирил Рамафоза, го изрази своето дабоко разочарување, поради тоа што повеќе земји од светот, го затворија авиосообраќајот за Јужна Африка или почнаа да воведуваат рестрикции, изолирајќи ја оваа држава како превентивна мерка за борба против непознатото, односно сојот омикрон.

Самата СЗО на својата официјална веб страница пишува дека Јужна Африка ја пријавила омикрон варијантата на коронавирусот на 24 ноември 2021 година. Така, неможно е некоја западна сила, односно фармацевтски компании да се одговорни за нејзината појава како одговор или атак, зашто Јужна Африка го одложила набавувањето на вакцини од „Фајзер“ и „Џонсон и Џонсон“ како што лажно се тврди во постот кој го рецензираме.

Од тие причини постот го оценуваме како невистинит, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Одложувањето на решавањето на спорот со Бугарија не е добро за регионот

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk