ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

БИРН: Кој е Димитар Ковачевски – новиот претседател на СДСМ и иден мандатар

December 13, 2021 12:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Паметен и лукав – жеден преку вода ќе те однесе“, вака негов поранешен колега го опиша Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и иден мандатар. Ковачевски е енигма за поголемиот дел од јавноста, но и за старите и искусни членови на СДСМ со кои БИРН разговараше. Сеќавањата за новоизбраниот претседател им почнуваат и им завршуваат пред околу две децении.

По изборниот пораз во 1998 година, како претставник на социјалдемократската младина, станал член на извршниот комитет на партијата.

Бргу се вработил во Телеком и неговиот партиски ангажман во следните две децении се свел на симпатизерство.

„Немавме сомнеж дека е ‘наш’, гласал за нас, тоа им било јасно и на неговите колеги во Телеком, меѓутоа во партијата го немаше“, вели за БИРН долгогодишен партиски член.

Ковачевски напредувал во Телеком на позиции поврзани со маркетингот и со комуникациите, а паралелно академски се усовршувал и ја надградил дипломата од Економскиот факултет во Скопје – магистрирал и докторирал.

Како значајно искуство му се зема Школата за бизнис при престижниот американски универзитет „Харвард“, а во 2018 година станал вонреден професор на скопскиот универзитет „Американ колеџ“.

Биографијата на Ковачевски, за некои наши соговорници, е причина за „зелено светло од Калето“,  за други, пак, фактот што бил универзитетски професор на „Американ колеџ“, едуцирал млади луѓе укажува дека „знае колку е важно образованието за едно општество.“

На Бихаќка го викале „Таче малиот“ по прекарот на татко му.

Димитар е син на поранешен градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Слободан Ковачевски-Таче, кој управуваше со градот за време на воениот конфликт – подоцна беше и амбасадор во Црна Гора.

„Постариот Ковачевски беше еден од клучните луѓе што влијаеле на тоа војната да не се прелее во кумановскиот регион. Тој ги одржа контактите со албанското население во период кога тоа воопшто не беше лесно“, вели денешен висок функционер, кој беше вклучен во справувањето со конфликтот.

Од тоа време датира и соработката на Ковачевски сениор со министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, кој е, исто така, од Куманово.

Лани под радарот на јавноста мина веста дека четириесет и седумгодишниот кумановец по раѓање стана заменик-министер за финансии во втората влада на Заев.

Заедно со неговиот пријател Горанчо Паунов, во 2018 ја отворил фабриката за фотоволтаици „Пиксел груп“, а на свеченото отворање присуствувале Зоран Заев и Кочо Анѓушев како премиер и вицепремиер. Ковачевски официјално се повлече од сопствеништвото на оваа компанија откако стана заменик-министер за финансии, а во исто време се откажал и од втората фирма „Токио комуникации“.

Анкетниот лист покажува дека новиот претседател на СДСМ има три стана во Скопје, „фолксваген пасат“, акции, депозити и девизни сметки во неколку македонски банки.

Извор: БИРН

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи – Трас: Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk