Со 6 специјални возила, Општина Центар е подготвена да се справи со првиот снег годинава, обајви на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Со 2 возила со плуг и соларка, 3 специјални возила за отстранување на снег и еден тн. хорхет, ќе се расчистуваат улиците, тротоарите и јавните површини.
Во секојдневна комуникација сме со жителите и подготвени сме да делуваме во случај на евентуални снежни врнежи“, истакна Герасимовски.