„Мојата борба со Македонија“ е насловот на новата книга на новинарот и колумнист Бранко Тричковски. Книгата од 540 страници се состои од сите колумни на авторот објавени на Frontline.mk, а ќе излезе од печат на 25 декември. Книгата е во издание на Шорткат Продукција.
Авторот на книгата, Бранко Тричковски ја објави оваа информација и на неговиот Фејсбук профил и стави фотографија од насловната страница. 
„Среќна Нова
Еве го решението на насловната страница на мојата нова книга.Автор е Чедо Поповски.Утре ќе го перфектуираме.Го објавувам за да соберам, не мислења, хахаха, секој има некој свој агол, поглед или естетска преференција, туку порачки, не дозволувајте да останете без оваа книга за Нова година.Немам ништо против чоколатцата и бонбоните, но оставете еден примерок под елката од оваа памет и убавина, да ви тргне годината“Сè најубаво!(Книгата ќе излезе на 25 декември)“, напиша Тричковски.
Познатиот колумнист е и автор на книгите „Во подрумот на балканскиот Фрицл“, „Како бевме систематски уништувани од идиоти“, „Ослободување од Македонија“….
Тричковски е еден од најреномираните пера во земјава, кој 40-ина години плива во новинарските води.
Роден е во 1952 година, а својата кариера ја почнува во 1975 година во весникот „Нова Македонија“.
Еден од основачите и прв главен и одговорен уредник на „Утрински весник“ во периодот од 1999 до 2003 година. Беше главен и одговорен уредник на магазинот „Глобус“. Повеќе од две години пишува колумни за веб порталот Frontline.mk.