ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Што има во биографијата на Ковачевски – новиот лидер на СДСМ

December 14, 2021 14:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократите избраа нов лидер на партијата. Димитар Ковачевски со 37.649 гласови од членството е избран за нов претседател на СДСМ. На вонредните внатрепартиски избори во СДСМ се гласаше на 194 избирачки места низ општинските организации во државата, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ кои се наоѓаа на гласачкото ливче. Другите двајца кандидати беа Јован Деспотовски кој освои 3.319 гласа и Фросина Ременски која доби 2.836 гласа.

Кој е Димитар Ковачевски?

Биографијата на Димитар Ковачевски е богата и импресивна. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ колеџ – Скопје. Роден е 1974 година во Куманово.

Средното образование го завршил во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота, САД. Во 1998 година дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ каде и магистрирал во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година. Поминал и стручно усовршување на Школата за бизнис на Харвард универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот универзитет во Минхен каде стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни, на Ротердам школото за менаџмент при Еразмус универзитетот во Холандија и ЕАДА Бизнис школата во Барселона.

Работната кариера ја почнал во Македонски телеком АД Скопје, а потоа напредувал на повеќе менаџерски позиции.

Ковачевски работел на низа корпоративни проекти за интеграција на деловни процеси заради зголемување на ефикасноста и профитабилноста на компаниите, дел е од проектните тимови за имплементирање на SAP интегриран систем за управување со материјалното и финансиско работење и CRM интегриран систем за управување со клиенти, како и од воспоставувањето високотехнолошка стартап компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори (2018-2020). Зборува течно англиски јазик, се служи со германски.

„Семејно стебло“ на Ковачевски е познато во политичките кругови. Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, поранешен градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ и амбасадор во Црна Гора. За време на конфликтот во 2001 година Слободан Ковачевски како градоначалник на Куманово, бил еден од клучните луѓе што влијаеле војната да не се прелее во кумановскиот регион.

„Тој ги одржа контактите со албанското население во период кога тоа воопшто не беше лесно“, велат високи партиски функционери од СДСМ.

Во 2020 година Димитар Ковачевски бил дел од Економскиот совет на Владата на Република Северна Македонија за справување со економските последици од корона пандемијата.

Како актуелен заменик-министер за финансии Ковачевски во интервјуто за Цивил прес студио, ги коментираше критиките на опозицијата во врска со економските показатели.

Потсети дека претходната власт инвестирала во два правци: во 2км во центарот на Скопје (алудирајќи на „Скопје 2014“) и во економските зони, помагајќи инвеститори кои давале ниски плати. Сегашната влада, според Ковачевски, има друг пристап – инвестира во продуктивна инфраструктура и во домашните инвеститори, кои претходно ги немаа истите погодности како инвеститорите од странство.

Како иден мандатар фокусот го става нa одговорноста на носителите на јавните функции и наведува дека секој функционер мора да носи одговорност. Според него тоа е начин како тој функционер ќе биде одговорен во извршувањето на своите задачи.

Ковачевски нагласува дека негов главен предизвик ќе биде да го задржиме животниот стандард на граѓаните во услови на една ваква криза, бидејќи, како што наведува во интервју за Канал 5, околу две години здравствена криза има и економски ефекти, исцрпени се граѓаните, исцрпено е стопанството, но и да го реализираме буџетот за 2022 и среднорочната рамка до 2026 кои многу јасно покажуваат развојна компонента, односно свртување кон инфраструктурни инвестиции, инвестиции во здравство, инвестиции во образовната инфраструктура.

Ковачевски е член на СДСМ од најраната младост. Во 1998 година како претставник на социјалдемократската младина, станал член на извршниот комитет на партијата.

Потоа ја поминува цела партиска хиерархија за сега да стане лидер на СДСМ. Образложувајќи ги принципите и вредностите врз кои мора да се темели идното функционирање на партијата, Ковачевски ја потенцира неопходноста од грижа за секој партиски активист, како и потребата од слушање и уважување на гласот на секој член, независно каде се наоѓа во партиската хиерархија. Тој напомува дека ќе инсистира кон целосна примена на социјалдемократската идеологија и социјалдемократските вредности, кои подразбираат грижа за работниците.

Ковачевски доаѓа на местото на Зоран Заев кој беше лидер на СДСМ од 2013 година. Заев после локалните избори најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk