Mинистерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи чии цени ќе останат „замрзнати“.
„Листата се проширува на три нови основни прехранбени производи: Ориз, јајца и тестенини. Оваа одлука е со цел да се спречи натамошното пореметување на пазарот во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи“, се вели во одлуката на Владата.
Со оваа оваа одлука исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година, а одлуката за замрзнување на производите ќе важи до 31 јануари 2022 година.
На 4 декември, Владата донесе одлука за замрзнување на цените на лебот, шеќер, брашно, сончогледово масло за јадење, млеко, сувомесни производи, сирење и урда.