ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Спасовски за Фронтлајн: Планираните возила не се за министри, директори, функционери, туку за оперативна работа на полицијата

December 16, 2021 16:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за внатрешни работи шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс му предаде на министерот Оливер Спасовски донација на 14 возила кои се наменети за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заедничкиот проект на ОБСЕ и МВР „Обезбедување поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“.

По завршувањето на презентацијата на опремата, на прес-конференцијата министерот истакна дека овој проект е исклучително важен за безбедноста на Република Северна Македонија и на регионот.

„Преку него создаваме сериозни услови и капацитети во однос на трговијата со малото и лесно оружје. Еден од компонентите на овој проект е набавка на службени возила кои што се наменети за Единицата за службени кучиња, односно специјализирани возила за превоз на службени кучиња.“, рече Спасовски.

 

1 of 7
- +

На прашањето од Фронтлајн – Која е причината што МВР бара повеќе пари за возила во новиот буџет, министерот Спасовски одговори дека не се работи за набавка на возила во коишто ќе се возат министри, заменици министри, директори или функционери во МВР, туку набавка за возила кои што ќе бидат за оперативно работење на македонската полиција.

„Ова е прва година во која што бараме финансиски средства за набавка на нови возила. Ова беше тема и на вчерашната седница на Собранието на која што се шпекулираше многу и за набвавката на возила и за набавката на мебел. Сакам да ја информирам јавноста дека последната голема набавка е направена некаде во 2008 година. Многу од возилата веќе се со лоши перформанси. Многу финансиски средства се трошат за поправка на овие возила и на тој начин е намалена ефикасноста на полицијата. Затоа се предвидени средства за набавка на возила. Меѓутоа не за набавка на возила во коишто ќе се возат министри, заменици министри, директори или функционери во МВР, туку набавка за возила кои што ќе бидат за оперативно работење на македонската полиција.“, вели Спасовски.

Спасовски истакна дека во буџетот се предвидуваат и средства за набавка за мебел кој е потребен за новата зграда што се гради за крим-техника и новиот национален полициски центар

„Ова што денеска го промовираме преку донација се возила кои се насочени кон една Единицата за службени кучиња кои што ги обезбедуваме после дваесет години постоење на оваа единица. Секако дека клучната работа на полицијата, ефикасноста зависи од тоа колку се опремени македоснките полицајци и токму од тој аспект се предвидени финансиски средства. Второ, прашањето кое што исто така опозицијата го поставува за набавка на мебел – Зошто имало финансиски средства предвидени во буџетот за набавка на мебел? Затоа што после многу години, после 2005 година за прв пат ова раководство на МВР гради нова зграда на крим-техника и таа зграда треба да биде опремена со мебел ако сакаме да профункционира. Затоа што кога го поставуваме прашањето: -Кога ќе започнете со работа во новата зграда за крим-техника или кога ќе биде во функција новиот национален полициски центар? Тоа треба да биде во моментот кога ќе биде целосно опремен, а за да биде опремен мора покрај другото да се набави и мебел“, одговори министерот Спасовски.

Мартина Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојди во пет до пет

June 16, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 16, 2025

Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за поставена бомба

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk