Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврија за МИА од Владата.
Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.
Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Ковачевски.
– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24 кој вечерва во седиштето на СДСМ и формално му ја предаде лидерската фуннција на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски./МИА/.