ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Косово уапсени две лица кои му се заканувале на новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“

December 18, 2021 08:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската полиција уапси две лица кои упатиле смртни закани кон новинарот Вехби Кајтази, поради тоа што ги нарече криминалци членовите на таканаречената „Кумановска група“, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во допис до Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК), Кајтази информира дека, по неговата изјава од минатиот понеделник, 13 ноември, во дебатна емисија на ТВ Дукаѓини добил бројни закани, со што сега се бави Одделот за тешки злосторства при Полицијата на Косово.

– Од тој ден добив стотици закани по животот од разни лица. Тие закани се поттикнати и од реакциите на припадници на осудената група, кои слободно пишуваат и се поврзуваат со телевизии. Денеска официјално отворив случај во полицијата против околу 100 лица чии закани се мошне сериозни, се вели во вчерашното писмо на Кајтази до АГК, по што медиумите ја објавија веста за приведувањето на двајца од заканувачите.

Кајтази во понеделникот на ТВ Дукаѓини изјави дека таканаречената „Кумановска група“ се злосторничка банда и немаат никаква врска со правата на Албанците во Северна Македонија. Своите тврдења косовскиот новинар ги поткрепи со, наводно веќе потврдена, информација дека водачите на групата ја извеле акцијата за пари и биле платени со три милиони евра од неименувана македонска служба. Некои од припадниците на групата, според него, воопшто немале идеја во што се впуштаат.

Кајтази исто така рече дека, пред да се случи судирот во Куманово, во Приштина дошол лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети за да побара помош од неговите некогашни соборци од Ослободителната војска на Косово (ОВК) и тогашните косовски власти, за справување со групата која почнала да оперира во Северна Македонија.

Осум полицајци, припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка на 9 и 10 мај 2015 година. Десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица.

Вкупно 33 обвинети лица добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Случајот моментно е во надлежнот на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вучиќ: „Отворен Балкан“ ќе ги поврзе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото

НАЈНОВО

Анаис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 16 ОКТОМВРИ

October 16, 2025

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk