ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

December 20, 2021 11:39
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од пет милиони оргинални записи, стари над 500 години со кои располага Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за првпат ќе бидат дигитализирани. Станува збор за решение на домашната компанија „Инбокс“ избрано на јавниот повик „Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков”, што го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за култура со цел адекватна заштита и унапредување на македонското културно наследство.  

Проектот опфаќа девет картотеки со уникатно изразени записи, кои во моментот се чуваат во картонски кутии, несоодветно заштитени од сите форми на ризици од оштетување и уништување. Картотеката располага со стотици илјади зборови од стари ракописи пишувани со векови во македонските цркви и манастири, неколку милиони ливчиња со зборови што се користат во секојдневното зборување на македонскиот народ, односно дијалекти карактеристични за над 400 населени места. Во документите се и стотици илјади ливчиња со запишани имиња, презимиња и прекари на Македонците, како и имиња  на населени или ненаселени места – топоними. Преку проектот ќе се дигитализираат и милиони ливчиња со македонски зборови од стандардниот и од народниот јазик, кои имаат едно или повеќе значења. 

– Решението на „Инбокс“ ќе овозможи инстантна и неограничена достапност како и можност за дигитално поврзување на картотеките. Дигиталните слики ќе се обработуваат во траен формат, ќе се метадатираат и поврзуваат во логични целини. На крајот, дигиталните записи ќе се претвораат во оригинали. Предвидено е мултиплицирање на форматите во три различни облици, секој со различни карактеристики и отпорност на сите ризици, со што ќе се овозможи трајна заштита, велат од ФИТР.

Според директорот на ФИТР, со ова македонскиот јазик и националното богатство ќе им останат трајно достапни на идните генерации во формат кој ним им е близок. 

–  Идните генерации ќе живеат во технолошки се поразвиен свет, а на овој начин македонскиот јазик и националното богатство ќе им останат трајно достапни во формати кои им се блиски. По двата повици за дигитализација на јавни инстутуции во 2021, веќе следната година Фондот развива и ново портфолио на предзивици преку кое ќе се овозоможи дигитализација и креирање на дигитални алатки за јавните институции во државата, вели Петров. 

Согласно правилата од јавниот повик, проектот треба да се спроведе до 12 месеци, а Фондот, врз основа на оправдани околности, може да одобри продолжување до шест месеци. 

Комисијата за оценување и избор која ја донесе конечната одлука за финансирање на проектот се состоеше од по еден претставник од Министерството за култура, Министерството за образование и ФИТР, како и двајца експерти од областа на предизвикот. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk