„Со насмевки на лицата и вредните рачиња на учениците од ООУ „Коле Неделковски“ ја украсивме елката кај кружниот тек близу општината. Закачивме лампиони и новогодишни украси кои ќе го красат ова катче во општината. Поминавме прекрасно попладне во смеа и предновогодишно расположение споделувајќи нови желби за следната. На учениците им поделив и новогодишни пакетчиња посакувајќи им добро здравје и нови успеси во образованието, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Оваа година Општина Центар поради енергетската криза одлучи да не ја осветлува општината со новогодишни сијалички и да придонесе кон одржување на стабилен енергетски систем“, истакна Герасимовски.