ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сијарто: Незапочнувањето на преговорите со Северна Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ

December 20, 2021 10:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изостанувањето на започнување на преговорите со Севера Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ, бидејќи земјата направи се што е неопходно за да го отвори преговарачкиот процес, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Ние бевме незадоволни и фрустрирани од заклучоците во Брисел во врска со проширувањето и сите тие одлуки ги сметаме за многу неправедни. Ако сакавме да бидеме чесни ќе требаше да кажеме уште во оваа година Северна Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите. Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што ги сметаат како пречка да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на започнувањето на преговорите, подвлече Сијарто.

Тој оцени дека изостанувањето на почетокот на преговорите е нарушување на кредибилитетот на ЕУ, бидејки од една страна ЕУ признава дека Македонците направија голем напредок, а од друга страна не ги започнува преговорите. – И заради тоа, оваа состојба ја сметаме за штетна, опасна и спротивна на принципите на ЕУ и по прашањата за безбедноста и по прашањата на економскиот развој, истакна Сијарто.

Географската позиција на Западен Балкан, оцени тој, изгледа влијае на тоа се потешко да можеме да ги разбираме процесите што се случуваат во регионот и имаме чувство дека политиката на ЕУ која ја води кон Западен Балкан станува се понеефикасна.

– Унгарија бара преговорите со С Македонија и Албанија веднаш да започнат. ЕУ сега е пред историски предизвици и затоа би ни требало еден позитивен успех и сметаме дека проширувањето би значело успех за ЕУ и затоа Унгарија ќе прави се што е можно побрзо да започне проширувањето кон Западен Балкан, рече шефот на унгарската дипломатија.

Сијарто додаде дека Северна Македонија има многу важна улога во запирањето на миграциските текови, бидејќи се наоѓа на главната патека на миграција, и најави дека во почетокот на јануари 30 унгарски полицајци ќе дојдат како поддршка на македонските колеги во обезбедување на границата.

Османи од своја страна, го поздрави успехот на словенечкото претседателство, за да обезбеди консензус за извештаите на Комисијата за земјите од Западен Балкан, и за заклучоците на ЕК за регионот, и тоа, како што рече, покажува дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме, ЕУ останува присутна и посветена на Западниот Балкан.

– Сепак овој делумен успех овде кај нас влезе во длабока сенка на неуспехот на Унијата да обезбеди консензус за операционализација на сопствената одлука од март минатата година, за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Свесни сме дека одлуките на Советот на ЕУ се носат со консензус, но се помалку граѓани на нашите земји имаат разбирање за тоа на каков начин и со какви аргументи се користи таа привилегија од земји-членки, додаде Османи.

Тој истакна дека несомнено е дека довербата во процесот на проширување е на најниско ниво, а тоа го загрозува кредибилитетот и на целата Унија и создава нови кризи во целиот регион.

– Но наша обврска не е да гледаме со разочарување на неуспесите, туку да ги следиме предизвиците и да нудиме решенија. Ние остануваме посветени на процесот на интеграција во Европската Унија, што преставува наш стратешки интерес и можам да ве уверам дека продолжуваме да работиме и со нашите соседи со несмалено темпо. Предалеку сме отидени во овој процес за да се откажуваме, но искрено, се надевам дека со новата политичка гарнитура, почнуваме и нов визионерски процес на доверба меѓу двете држави, рече Османи.

Бугарија е полноправна членка на Европската Унија, додаде Османи истакнувајќи дека со право очекуваме новата Влада во Софија да покаже европски сензибилитет, партнерски однос, и грижа за соседите.

– Ние сме веќе НАТО сојузници, и нашите пријатели во НАТО, како што е еве и Унгарија, очекуваат да покажеме дека сме зрели да ги надминеме меѓусебните разлики, и со тоа да придонесеме во зајакнување на заедничката безбедност и стабилност, истакна Османи на прес-конференцијата со унгарскиот министер Сијарто. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Индиски и светски авиокомпании во вонредна проверка на прекинувачите за гориво на „Боинг“ по катастрофата на „Ер Индија“

July 15, 2025

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер

July 15, 2025

Трамп се закани на Русија со царини и најави повеќе американско оружје за Украина

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk