ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осмо издание на „Фестивал на тркала“

December 21, 2021 11:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Шест европски филмови се прикажуваат во рамки на осмото издание на „Фестивал на тркала“ кое годинава се одржува онлајн преку посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net и се достапни до 31 декември 2021.

Фестивалската програма вклучува четири филмови за целото семејство кои се избрани со цел внимателно уживање за претстојните празници, овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката уживање во квалитетен филм од поновата европска кинематографија.

Програмата на фестивалот се состои од:

Патешествието на принцот (Prince`s Voyage)
Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови. Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски oпштества навистина била точна.

Мираи (Mirai)

Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој неговата сестра го заслужува.

Подобри си го животот (Level Up Your Life)

Животот на Евелин Молер би бил совршен да не бил нејзиниот шеф д-р Џорџ Пек, кој ѝ го прави животот пекол. Но, убиството не е решение – или барем не е добро решение.

Кожурец (Cocoon)

Берлински Кројцберг е микроорганизмот на Нора. Нора, немиот набљудувач, секаде се шлепа. На забави, на училиште, на базен, по покриви и по станови. Нора шета околу монотоните станбени блокови со постарата сестра и нејзините пријатели, и сведочи настани што се чини како бавно да бледнеат на летната светлина. Девојки што сакаат да бидат слаби и убави, момчиња што кажуваат глупави работи за да провоцираат или затоа што се вљубени. Безмилосни смартфон-камери и кревки тинејџери. Но Нора светот го гледа со поинакви очи, а кога ја запознава Роми, сфаќа и зошто. Има музика во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците ги ткаат нивните кожурци. Реалистичен и пренесен од перспектива на главната хероина, овој филм ни доловува лето на промени.

Брат ми брка диносауруси (My brother chases Dinosaurs)

Џакомо отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра. Но кога Џовани ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аријана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.

Рока го менува светот (Rocca Changes the World)

Рока има 11 години и живее прилично уникатен живот. Додека нејзиниот татко гледа над неа како астронаут од вселената, Рока живее сама со нејзината верверица и за прв пат во нејзиниот живот оди во нормално училиште.

Програмата може да ја следите онлајн тука.

Фестивалот и оваа година го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје.

Next Post

Минатата недела 8 % помалку заразени од Ковид-19

НАЈНОВО

(ВИДЕО) „Балканкан“ прослави 20 години со проекција под отворено небо, режисерот Митревски со видео порака од Малибу

August 21, 2025

Дел од крило на авион „Боинг 737“ на компанијата „Делта ерлајнс“ се откинал во текот на лет во САД

August 21, 2025

Сурова реалност во Србија: Полициска бруталност, закани кон оние што одат на протести, селективни апсења

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk