ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со договорите во Тирана во рамките на „Отворен Балкан“ единствениот пазар на трудот и услугите за граѓаните во регионот стануваат реалност, а чекањето на границите се сведува на минимум

December 21, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија и домаќин на Самитот, Еди Рама, заедно со нивните тимови, денеска во Тирана потпишаа пет договори кои беа најавени на промоцијата на „Отворен Балкан“ во Скопје во јули оваа година.

Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија, Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот. Со одредбите од договорот се поедноставуваат процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската Унија.

Со Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан им се овозможува на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ остварување на можноста за пристап  до  пазарот на труд во трите земји, како и за други услуги од сферата на бизнисот и други области од заеднички интерес за граѓаните од регионот.

Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика ги уредува формално-правните аспекти на ова прашање, и ќе ја олесни  трговијата со живи животни, храна и добиточна храна од животинско, неживотинско и мешано потекло, растенија, растителни производи и други објекти и предмети.

За исполнување на одредбите и за ефикасност во остварување на придобивките од овие договори, денеска во Тирана се потпишани и билатералните договори меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, и меѓу владите на Република Албанија и Република Србија за взаемно признавање на одобренија за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност.

Со овие договори се воспоставува соработката, заснована врз заеднички стандарди и взаемно признавање на резултатите од спроведените контроли, и ќе претставува средство за олеснување на легалната трговија и ефикасно спречување на недозволената трговија и царинските неправилности во државите потписнички на Спогодбата, но и пошироко.

Овие договори носат повеќе придобивки како што се полесен пристап и поедноставни царински постапки, намален број на физички и документациски контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности.

Сето ова треба да придонесе за остварување на целите на регионалната соработка како што се намалување на времето на спроведување на царинските постапки  за стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на националниот, регионалните и европските пазари.

На состанокот на лидерите на трите земји од „Отворен Балкан“ што претходеше на потпишувањето на договорите беше истакнато дека од првата средба во Скопје во јули до потпишувањето на договорите денеска во Тирана, владите на Албанија, Србија и Северна Македонија, силната политичка волја ја трансформира во ефикасни резултати на институциите за спроведување брзи и напредни реформи и политики за регионална соработка.

 

Next Post
Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Денеска се регистрирани 335 нови позитивни случаи

НАЈНОВО

Премиера на македонската песна за Јуниорскиот Евросонг 2025 – „Miracle“ во изведба на Нела Манческа

November 7, 2025

Мицкоски: Владата ќе именува повереници во општините каде не беа избрани градоначалници кога официјално ќе бидат завршени изборите

November 7, 2025
Скриншот

Орбан: Унгарија влегува во нов златен период со администрацијата на Трамп

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk