ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Благ раст на цените на акциите на Азиските берзи, се тргува внимателно

December 22, 2021 14:01
in БИЗНИС, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа бидејќи инвеститорите се повеќе склони кон ризични инвестиции на крајот на годината, но се тргуваа внимателно бидејќи омикрон сојот на коронавирусот продолжува брзо да се шири низ светот.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,3 отсто околу 7 часот наутро, зајакнувајќи втор ден по ред. На токиската берза индексот Никеи благо ослабна, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто.

Растот на индексот втор ден по ред најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите откако во понеделникот нагло паднаа, при што азискиот индекс MSCI падна на најниско ниво оваа година.

Но, се тргува со претпазливост бидејќи бројот на луѓе заразени со омикрон, кој е позаразен од претходните варијанти на коронавирус, рапидно расте во светот. Затоа, се повеќе земји повторно воведуваат рестриктивни мерки во пресрет на божиќните празници.

Инвеститорите стравуваат дека новите ограничувања на патувањето, социјалниот живот и бизнисот ќе доведат до забавување на закрепнувањето на економиите од коронавирусот. Поддршка за пазарите, пак, дава вчерашниот силен скок на берзанските индекси на Волстрит, повисок од 1,5 отсто. Ова главно се должи на корекцијата на цените на акциите, откако претходниот ден паднаа за повеќе од 1 отсто поради загриженоста на инвеститорите за ширењето на омикрон.

„Се чини дека инвеститорите одлучија да го игнорираат Омикрон, барем на овој ден“, рече Дејвид Џој, стратег во Ameriprise Financial.

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 96,52 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,47 поени.

Бидејќи се очекува американската централна банка да ја заостри монетарната политика побрзо од другите, индексот на доларот зајакна за повеќе од 7 отсто оваа година, што е најдобра година од 2015 година.

Утрово курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 113,65 на 114,10 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1270 долари, додека вчера во ова време беше 1,1280 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 0,2 отсто на 74,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,4 отсто на 71,40 долари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Аваз: Додик првоосмничен за уривање на БиХ

НАЈНОВО

ВИ

Силен земјотрес во Аргентина со јачина од 5,7 степени

October 22, 2025

Без струја делови од неколку скопски оштини

October 22, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk