Варијантата омикрон на корона вирусот е поблага во споредба со типот Делта. Неговото ширење е многу поголема, но многу e помал бројот на заразени кои се хоспитализирани или имаат сериозни здравствени компликации. Така покажуваат најновите научни студии спроведени во многу земји низ светот. Сепак, експертите стравуваат дека доколку оваа варијанта брзо се прошири во земјата, големиот број на заразени може да предизвика преоптоварување на нашиот здравствен систем
Петличковски смета дека во пресрет на крајот на годината, ограничувањето на бројот на учесници во затворен простор многу ќе помогне во спречување на нов бран.
И покрај ограничувањата, експертите ја нагласуваат важноста на вакцинацијата како одговор на сите нови варијанти на вирусот. Научните аргументи покажуваат дека третата доза од вакцината е значително поефикасна против варијантата Омикрон каде што дава околу 80% заштита. – јавува Алсат