ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Француски медиуми: Заев поднесе оставка поради блокирање на евроинтеграциите

December 24, 2021 16:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, во средата на 22 декември поднесе оставка од функцијата, поради блокирање на евроинтеграциите на земјата како и поради лошите резултати на партијата на локалните избори во октомври, пишува француското меѓународно радиот РФИ, пренесува МИА.

Зоран Заев , наследувајќи го националистот и авторитарен Никола Груевски, , под насловот „Премиерот на Северна Македонија поднесе оставка поради блокирањето на европската интеграција“, јави дописникот на МИА.

„Собранието на Северна Македонија ја одобри оставката на социјалдемократскиот премиер“, насловува од своја страна „Фигаро“. Неговата партија, СДСМ, според француските медиуми сепак, се очекува да состави нова коалиција и да формира влада.

– Зоран Заев, кој беше премиер на демократската транзиција, ја напушта власта по нешто повеќе од четири години на чело на македонската влада. Тој беше водач на демонстрациите од 2015 година, кои го натераа неговиот претходник, автократот Никола Груевски, на фер избори кои го предизвикаа неговиот пад, објаснува РФИ.

– На чело на Македонија, тој го смени името на земјата во Северна Македонија, во историски договор со кој заврши 27-годишниот дипломатски конфликт со Грција. Зоран Заев ја внесе својата земја во НАТО во 2020 година, но истата година се најде блокиран на европскиот пат од Бугарија, бидејќи Софија одбива да го признае македонскиот јазик, за кој таа смета дека е бугарски дијалект. Популарноста на Заев се распадна поради неподготвеноста на Европската Унија за отворени пристапни преговори со неговата земја, констатираат понатаму РФИ и „Фигаро“.

За француските медиуми, токму поради блокадата на евроинтеграциите на земјава, СДСМ, партијата на Зоран Заев, забележа лош резултат на локалните избори во октомври минатата година.

Веднаш по поразот на општинските избори, особено во Скопје, Зоран Заев најави оставка, но чекаше два месеци, за да ја претстави формално во среда.

– Би било политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја да продолжам, да ја водам владата на нејзиниот евроатлантски пат, напиша Зоран Заев во оставката, пренесуваат РФИ и „Фигаро“.

Човек на компромис, Заев плати со својата функција за непопустливоста на Бугарија и му го препушти на својот наследник трнливото прашање за европската интеграција на Северна Македонија, смета француското меѓународно радио.

Зоран Заев сепак му ја предава партијата на еден од неговите блиски, Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии, неодамна избран за претседател на СДСМ, која Заев ја водеше од 2013 година. СДСМ се очекува да состави нова коалиција и да формира влада, пишува „Фигаро“.

Опозицијата собрана околу ВМРО-ДПМНЕ (конзервативците) не успеа во Ноември со предлогот за гласање недоверба на владата во заминување. Таа инсистираше на распишување предвремени избори, но Зоран Заев дури и го искористи овој период за да ја зајакне владејачката коалиција.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, сега има десет дена да го предложи новиот премиер, кој пак ќе има дваесет дена да формира кабинет и да го стави на гласање во Собранието.

 

Next Post

Осумдневен притвор за професорот кој нападна ученик со метален предмет

НАЈНОВО

Жител на Петровец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, ОЈО бара притвор

October 31, 2025

Полски авиони пресретнаа руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

(ВИДЕО) Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk