Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија семејната празнична честитка.
На фамилијарниот портрет, кралскиот пар позира со двете дечиња, а ова е прва објавена фотографија од малата Лилибет.
На слатката фотографија, 2-годишниот Арчи седи во скутот на Хари, додека насмеаната Меган ја држи во рацете 6-месечната ќеркичка.
„Во оваа 2021 година, ја пречекавме на овој свет нашата ќерка Лилибет. Арчи нè направи ‘Мама’ и ‘Тато’, а Лили нè направи семејство.“ – пишуваат тие и потенцираат дека донирале во неколку организации кои се залагаат за заштита на семејства.