ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Селмани: Заев ќе се памети по храброста, на опозицијата и е од корист да се реши проблемот со Бугарија

December 24, 2021 11:21
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот министер и екс градоначалник Имер Селмани во гостувањето на Утрински брифинг ги анализираше случувањата на македонската политичка сцена по вчерашната оставка на премиерот Зоран Заев и по настапот на претседателот Пендаровски кој треба да ја пополни празнината до формирањето на новата влада.

-Претседателот кај нас според уставот и законите се бира директно од граѓаните, иако не сме претседателска држава и нема големи ингеренции. Ние сме навикнале некои од претседателите да бидат пасивни, одвреме навреме да се појавуваат со одредени одговори или прашања, и некако да ги гледаме како во сенка на извршната власт. Сметам дека ова е основна задача на секој претседател што треба да ја изврши во услови кога премиерот си даде оставка иако имаше мандат и задачи кои требаше да си ги заврши, но тоа беше негова одлука и во услови кога имаме жешка тема во однос на Република Бугарија која мора да се реши, во услови на пандемија, економска криза поврзана со енергетска, имаме судството со кое со години не можеме да се доведеме во една конфорна зона да знаеме дека ни функционира тој систем. Затоа, појавата на претседателот и во говор и во интервјуата и јавните настапи треба да се поздрави со една препорака тоа да го прави константно, во континиутет и тие прашања, политики треба да се поставуваат, да се агитираат, да се бараат решенија, но не само од позиција на аналитичар и критичар дека не чини системот или не чинат решенијата, туку да биде и протагонист за изнаоѓање на решенија, рече Селмани.

Како едно од приоритетните прашања тој го истакна спорот со Бугарија каде претседателот треба да има поактивна улога во неговото решавање.

-Претседателот има уставни овластувања, ја претставува државата и не е од корист да се забарикадираме па макар бил и претседателот тој кој ќе поставува црвени линии и ќе чекаме додека Бугарите се освестат и ги сменат нивните ставови, рече поранешниот висок функционер на ДУИ.

-Секој од нас има нијанса во размислувањата за тоа како треба да се реши спорот со Бугарија и за договор евентуално прифатлив за нас и за нашите соседи. Претседателот пред десетина дена при посетата на Приштина јавно, на ставот на бугарската страна дека им требаат уште шест месеци излезе со став дека шест месеци се многу и дека наоѓањето решенија треба да се скрати на пократко време. И сега пласираниот став во Скопје дека не треба да брзаме, треба да се забарикадираме ме враќа во време кога имавме претходни претседатели кои едноставно чекаа некој да им дојде на врата и да им нуди решение. Видовме дека тоа никогаш немаше да се случи да не беше Заев и екипата околу Заев со сите жртви кои се направија пред неколку години за да се реши спорот со Грција. Во таа насока сметам дека не треба да се смени ниту интензитетот ниту а најмалку треба да покажеме дисхармонија во нашите ставови. Во најмала рака претседателот, премиерот, министерот за надворешни работи треба да се консултираат еднаш неделно за сите случувања во државата, рече Селмани.

Што поскорото решавање на проблемот со Бугарија, ќе и одговара и на опозицијата која притиска за вонредни парламентарни избори.

-На опозицијата и од корист да се реши проблемот со Бугарија, да не и остане баласт и проблем или главоболка кои тие би ја решиле. Јас би ја советувал опозицијата да ја охрабрува владата да го решава овој проблем, па ако дојде на власт опозицијата и формира влада да се справи со тековните проблеми во државата како што се економските социјалните, образовните, безбедносните, правните прашања итн. Но додека ни виси прашањето со Бугарија, се плашам дека тешко ќе изнајдеме сила да се справиме со сите овие тековни проблеми внатре во државата во државата, реформи во правосудниот систем, економските битки и другите проблеми кои ги мачат граѓаните, нагласи Селмани.

Тој се осврна за значењето на Зоран Заев и за идните постапки на ДУИ во формирањето на новата влада.

-Заев ќе остави длбаок белег во нашата држава. Ќе се памти по храброста и одлучноста. Решавањето на проблемот со грција и влезот во НАТО му се најголемите дострели. Меѓуетничките односи успеа да ги сведе во една константна и едноставни и последните прашања коишто беа отворени согласно рамковниот договор да се сметаат дека се затворени. Ќе остане запаметен и по одредени пропусти, гафови, избрзани изјави, но и по храброста за оставката која ја даде на две и пол години пред истекот на мандатот. Воведе многу работи, прв премиер со нов стил за комуникација со јавноста. Знам луѓе од Сарај, обични граѓани кои комуницирале со него, си постави нови стандарди, нови критериуми, рече Селмани.

Тој спомена дека се познава лично и го цени и со новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и како технократ доаѓа во време кога на Македонија и треба еден добар технократизам со финеси на еден политичар кој треба да го продолжи патот на претходникот, но и да воведе новини за кои, за жал претходникот не успеал да најде начин или форма да ги реши проблемите на пример во правосудниот систем без да навлезе директно во судството, туку преку системски решенија.

Тој се осврна за значењето на Зоран Заев и за идните постапки на ДУИ во формирањето на новата влада.

-Заев ќе остави длбаок белег во нашата држава. Ќе се памти по храброста и одлучноста. Решавањето на проблемот со грција и влезот во НАТО му се најголемите дострели. Меѓуетничките односи успеа да ги сведе во една константна и едноставни и последните прашања коишто беа отворени согласно рамковниот договор да се сметаат дека се затворени. Ќе остане запаметен и по одредени пропусти, гафови, избрзани изјави, но и по храброста за оставката која ја даде на две и пол години пред истекот на мандатот. Воведе многу работи, прв премиер со нов стил за комуникација со јавноста. Знам луѓе од Сарај, обични граѓани кои комуницирале со него, си постави нови стандарди, нови критериуми, рече Селмани.

Тој спомена дека се познава лично и го цени и со новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и како технкрат доаѓа во време кога на Македонија и треба еден добар техникратизам со финеси на еден политичар кој треба да го продолжи патот на претходникот, но и да воведе новини кои за жал претходникот не успеал да најде начин или форма да ги реши проблемите на пример во правосудниот систем без да навлезе директно во судството, туку преку системски решенија.

ДУИ сега ќе биде гарантот за стабилност на новата влада, па Селмани коментара:

-ДУИ секогаш знаеле на крајот да си материјализираат за нив некои политики за нив. Не е чудно и неочекувано и не е за осудување ако си проценат дека може да изгубат од својот рејтинг и поддршка, не е чудно да дојдат до заклучок дека треба да се оди на предвремени избори. Не е ниту чудно ниту невидено досега што Ахмети константно има состаноци консултации и со претседателот на СДСМ и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е една политика вгнездена во филозофијата на ДУИ дека секогаш си го бираат партнерот онака какошто на нив им одговара најмногу. Демократија се бројки, гласови во парламентот, едноставно решава во клучни моменти. ДУИ располага со одреден кампус во парламентот и секако е еден од главните играчи.

Според него по НАТО и успешната приказна со Грција Ахмети и ДУИ би сакале да имаат уште една голема заслуга во својот мандат, а тоа се преговорите за членство во ЕУ и решавање на проблемот со Бугарија.

-Проблемот бенигно се појавува и расте. Знаат од искуството го Груевски дека ако еден проблем не се реши брзо тој ќе порасне. Им се брза да го решат додека спорот не е уште толку голем и може да се реши. ДУИ сега има министер за надворешни работи и од некаде мора да протече предлог решение со Бугарија и ќе сакаат да го решат овој проблем и да се фокусираат на нивната зелена агенда. Јас ги охрабрувам сите и претседателот и премиерот и министерот да изнајдат решение со Бугарија, заклучи Селмани.

Извор: Утрински брифинг

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Зоран Кардула. Фото: лична архива

Виртуозот на графичкиот дизајн Зоран Кардула, оваа година изработил +347 илустрации

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk