ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МД „Илинден“: Остро реагираме на обидите за побугарување на Македонците во Голо Брдо

December 27, 2021 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо во писмена реакција остро го осудува, како што наведува, „последниот обид на бугарската Амбасада да прикаже непостоечко бугарско малцинство во областа Голо Брдо“.

– Деновите пред новогодишните празници бугарските пропагандисти во Република Албанија, со нов обид да бараат Бугари во селата во Голо Брдо, каде што повторуваме, нив ги нема. Имено, конзулот на Бугарската амбасада во Тирана делел новогодишни пакетчиња на учениците од училиштата „Елез Кочи“ и „10 Покојници“, се наведува во реакцијата на Друштвото.

Во соопштението се додава дека на ваквите активности од страна на Македонците во Голо Брдо е остро реагирано, а бројни реакции пристигнале и до Друштвото.

– Во бројните реакции пристигнати до Друштвото, Македонците од Голо Брдо ја осудуваат оваа подла и необјаснива акција на Бугарската амбасада во Тирана, со делењето новогодишни пакетчиња на ученици во Голо Брдо и оценуваат дека тоа претставува уште еден акт за пропагандни цели од страна на претставниците на таа амбасада, се наведува понатаму.

Во реакцијата се посочува дека македонско друштво „Илинден“ од Тирана и огранокот за оваа област, како репрезенти на Македонците од Албанија, се солидаризираат со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо.

– Воедно, сметаме за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесеме пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, Албанија, во која порачуваат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари! Ние сме жители со достоинство и горди сме што сме Македонци со векови, порачуваат Македонците од Голо Брдо./MИА/.

Next Post
Брифинг на Оливер Спасовски со новинари

Брифинг на Спасовски: Во 2021 година немаше регистрирани сериозни безбедносни настани

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk