ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ: Наставниците масовно учествуваа на вебинари за поддршка на дигиталното учење

December 27, 2021 09:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите три месеци УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Смарт ап поддржаа единаесет вебинари за зајакнување на капацитетите на наставниците, воспитувачите и другите практичари во образованието, на теми поврзани со примена на иновативни методи на настава со фокус на дигитални алатки и дигитално учење. Над 23 000 учесници присуствуваа на сесиите реализирани преку платформата за учење Едуино.

Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава соопшти дека со фокус на размена на најдобрите практики помеѓу наставниците и совети од колегите, вебинарите опфатија теми како: формативно оценување во услови на хибридна настава, презентација на моделот „превртена училница“, подготовка на интерактивна и асинхрона настава, креативно учење преку игра и користење дизајнерски приоди како метод на настава.

Во услови на повисок ризик децата да го напуштат образованието поради затворање на училиштата за време на КОВИД-19, вебинарите исто така им претставија на наставниците вовед во рамка за откривање и давање поддршка на децата што се во ризик да го прекинат своето образование.

– Наставниците се движечката сила зад закрепнувањето на образованието од КОВИД-19. Затоа тие мора да одржуваат чекор со новите случувања во образованието, да изградат капацитет за прилагодување и да иновираат под отежнати услови, како и да добијат пристап до ресурси за стручно усовршување. Нивната позитивна реакција на онлајн курсевите и средбите за групно предлагање решенија покажува дека можеме заеднички да осмислиме поиздржлив образовен систем по кризата со КОВИД-19, изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Покрај зајакнувањето на можностите за стручно усовршување преку вебинари, онлајн курсеви и конкурси за групно предлагање решенија (краудсорсинг), тековната програма Едуино, наведува Канцеларијата на УНИЦЕФ, опфаќа и финализирање на национална библиотека со видеолекции, изработка на национална збирка на учебни материјали што ќе служи како едношалтерски систем за дигитални материјали, проширување на конкурсот Едуино Gameathon и зголемување на групата и програмата на Едуино амбасадори.

Вебинарите беа поддржани од иницијативата на УНИЦЕФ финансирана од регионалната програма на Европската Унија „Ублажување на влијанието на КОВИД-19 врз животот на децата и родителите во регионот Западен Балкан и Турција“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а беа реализирани од Смарт ап – лабораторија за социјални иновации./MИА/,

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МАЕИ: Софија се обидува вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо

НАЈНОВО

ВИ

Меси стана најдобар стрелец во регуларната сезона на МЛС

October 19, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности на ЦИВИЛ

October 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Јавно обвинителство: Изборниот ден досега поминува мирно, без поголеми нарушувања

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk