Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно планот за проверка на имотната состојба во 2022 година ќе ги проверува податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четворица раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство.
Првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и 10 директри на јавни претпријатија.
Составен дел на планот, информира претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е и акциски план за проверка на имтоната состојба и судир на интереси од областа на правосусдтвото, локалната самоуправа и органите на извршната власт.
Според Ивановска, овие области се оценети во последните години како ризични во однос на перцепцијата на граѓаните во разни анкети или нивни искуства за коруптивните дејствија.
извор: МИА