ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е вистина дека покачената температура значи дека сте отруени

December 28, 2021 16:36
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Знаците на труење со некој отров се многубројни и никако не може да се тврди дека доколку имате само покачена температура, автоматски значи дека сте отруени. Всушност, покачената телесна температура воопшто не е наведена како дел од симптомите на труење, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Фејсбук објавата што е предмет на оваа рецензија, тврди дека единствена причина за покачена телесна температура кај луѓето е присуство некаков отров. Притоа, се тврди дека докторите лажат и дека болестите се пазар за големи пари. Ова е неточна информација која може да предизвика голема штета.

Ако качите темп.и ве боли цела снага,отруени сте.

Вашите доктори ве лажат,медиуми и влада .

Дебели пари се во прашање.

Вие сте само пазар, се вели во постот.

Секој човек барем еднаш во животот имал покачена температура. Причините за ваквата реакција на телото се многубројни, но најчесто се случува како резултат на заразување со вирус или поради бактериска инфекција. Од друга страна, пак, труењето се случува поради голтање, вдишување, допирање или инјектирање разни лекови, хемикалии, отрови или гасови

Знаците на труење со некој отров се многубројни и никако не може да се тврди дека доколку имате само покачена температурата автоматски значи дека сте отруени. Всушност, покачената телесна температура воопшто не е наведена како дел од симптомите на труење.

Покачена телесна температура обично исчезнува во рок од неколку дена. Голем број на лекови без рецепт ја намалуваат треската, но понекогаш е подобро да не се лекува. Треската игра клучна улога во помагањето на вашето тело да се избори со голем број заразни заболувања како составен дел од имунолошката одбранбена оска.

За возрасен, треската може да биде непријатна, но обично не е причина за загриженост освен ако не достигне (39,4 C) или повисока. За доенчиња и мали деца, малку покачена температура може да укаже на сериозна инфекција.

Треска се јавува кога област во вашиот мозок наречена хипоталамус позната и како „термостат“ на нашето тело – ја поместува поставената точка на нормална телесна температура нагоре. Кога тоа ќе се случи, може да чувствувате дека ви е ладно и да додадете слоеви облека или да се завиткате во ќебе, или може да се тресете за да создадете повеќе телесна топлина, што на крајот ќе резултира со покачена телесна температура.

Нормалната телесна температура варира во текот на денот – пониска е наутро и повисока доцна попладне и навечер. Иако 37 C се смета за нормална, температурата на вашето тело може да варира за еден степен или повеќе – од околу (36,1 C) до (37,2 C) – и сепак да се смета за нормална, пишува на веб-страницата на клиниката Мајо (САД).

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти во изјава за „Вистиномер“ вели дека покачената телесна температура, претставува нормална, природна реакција на организмот на различни состојби, најчесто резултат на некаква инфекција, а дека симптомите на труење се многубројни.

Според неа, вакви изјави кои тврдат дека лекарите ги лажат своите пациенти се неосновани и лесно можат да бидат побиени преку соодветни тестови кои ќе докажат дали дадено лице било затруено со одредена супстанца.

Симптомите на труење зависат од супстанцата и количината што е внесена во организмот. Некои отровни материи, како што е јаглерод моноксид, ја попречуваат способноста на крвта да носи кислород. Други, како што е белилото, го горат и иритираат дигестивниот систем. Симптомите на труење имаат голем диверзитет, но најчесто се презентираат со тахикардија, болка во стомакот, повраќање, абнормална пребоеност на кожата и слузницата, екцесивно создавање на плунка, потешкотии во дишењето и голтањето и така натаму. Тоа е што е заедничко за сите типови на труења е дека токсичната супстанца може да се докаже преку соодветен токсиколошки тест, вели Георгиева.

Со гледање на пошироката слика и земајќи ги предвид сите факти, никако не може да се изведе заклучок дека покачената температура е резултат на труење. Вакви фабрикувани објави од една страна предизвикуваат паника помеѓу населението, а од друга страна го поткопуваат авторитетот на лекарската фела и сериозно може да му наштетат на јавното здравје

Доколку имате покачена телесна температура, консултирајте се со вашиот доктор кој ќе ја открие причината за таа состојба и потоа соодветно ќе ја третира доколку има потреба. Не верувајте на вакви објави кои можат да ви го загрозат здравјето и да предизвикаат сериозни последици, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk