Денеска со почеток во 11:00 часот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе одржи прес конференција на која ќе ги презентира податоците за државната помош за компаниите преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за инвестиции реализирани во 2020 година.
Прашања насловени до вицепремиерот, кои се однесуваат за овој настан, може да испратите на адресата press_zpvrsm@gs.gov.mk, најдоцна 30 минути пред почетокот на истиот, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.
Акредитираните новинари за онлајн видеовклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.