ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Капка Тодорова за „Клуб З“: Крајно итно е Бугарија да направи сè што е можно за да ги забрза преговорите за членство на Македонија во ЕУ

Според авторката на коментарот, за жал во последните години македонското прашање е предадено на псевдонационалисти во Бугарија, кои го уништија добриот тон со Скопје и уништија голем дел од постигнатото во односите на Софија со Македонците. А тажното е, вели, што причината за овој неуспех е далеку од некоја меланхолична идеја за заедничка историја, јазик, глупаво тврдење за бугарска надмоќ и слично.

December 29, 2021 09:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во коментар за познатото бугарско печатено и електронско издание „Клуб З“, Капка Тодорова пишува дека и најекстремните националисти во Бугарија можат да негираат дека добрите односи со Северна Македонија се од интерес за Бугарија, а тие, според неа, можат да бидат добри само во политичка и економска заедница каква што е Европската унија. За Бугарија, брзиот влез на Северна Македонија во ЕУ е од огромно значење и ќе донесе само придобивки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според авторката на коментарот, за жал во последните години македонското прашање е предадено на псевдонационалисти во Бугарија, кои го уништија добриот тон со Скопје и уништија голем дел од постигнатото во односите на Софија со Македонците. А тажното е, вели, што причината за овој неуспех е далеку од некоја меланхолична идеја за заедничка историја, јазик, глупаво тврдење за бугарска надмоќ и слично.

Македонската карта беше одиграна со единствена цел малите националистички формации во Бугарија да придобијат гласачи и да учествуваат во власта по парламентарните избори на 4 април и на следните две гласања. И нивното учество во власта беше искеширано на најнечесен начин, потсетува авторката на аферата со продажбата на пасоши.

Според неа, новата Влада во Бугарија се соочува со голем предизвик да ги врати добрите односи со Северна Македонија, но тоа ќе биде тешко не само поради ескалацијата на национализмот во земјата, туку и поради испровоцираниот одговор на тоа од Македонија. -Обичните граѓани на Бугарија и Северна Македонија се жртви на некој копнеж за големо минато од националистите од двете страни на границата, вели таа.

Капка Тодорова е децидна дека нема потреба да се набројуваат придобивките за Северна Македонија од чисто економски аспект доколку што поскоро стане членка на европската заедница. Таа ги нагласи и економските придобивки за Бугарија, кои исто така ќе бидат големи – пазарот ќе биде покомпактен,  помали бариери за слободната трговија и инвестиции , а просперитетот ќе се зголемува. Всушност, додава таа, во интерес на Бугарија е сите земји меѓу Бугарија и Западот да бидат членки на ЕУ и да го затворат вакуумот од кој продолжуваат да извираат демоните од минатото, носејќи само војна, расправии и сиромаштија на Балканот. Но, политички, крајно итно е, вели,„ Бугарија да направи се за да ги забрза преговорите за членство на Македонија во ЕУ, во спротивно и таа, како и Србија, ќе потоне во прегратките на Русија и ќе стане бариера меѓу нас и Западот“.

Според неа, директен доказ за тоа е прес-конференцијата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред неколку дена, на која тој посвети посебно внимание на балканските држави и инсистираше дека руското влијание на Западен Балкан не треба да ослабне./МИА/.

Next Post

СЗО: 11 проценти зголемување на инфекциите со Ковид за една недела

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk