Од утре нема бесплатен градски превоз. Се укинуваат и мерките и препораките за загадување на воздухот затоа што штетните честички во воздухот паднале под 100 микрограми на кубен метар.
Ова беше соопштено на денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
ЈСП Скопје пред два дена соопшти дека поради загадениот воздух во главниот град јавниот превоз е бесплатен за сите граѓани.
Бесплатниот јавен превоз се воведуваше и минатите години кога зголемено аерозагадување.