Од први јануари сметките за електрична енергија ќе бидат повисоки за 8,48 отсто, а ќе се укине и дневната евтина тарифа. Ова денеска го соопшти првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
„Реалното зголемување, како што кажав, ќе беше многу повеќе, за 25 %, но успеавме да скратиме многу трошоци и дополнително Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, рече Бислимовски.
Како што кажа Бислимовски, станува збор за една од нajтешките одлуки што ја донесла РКЕ од своето постоење.