ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Голема гледаност и позитивни оценки за Едуино-вебинарите

December 30, 2021 10:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот на Едуино соопшти дека споредено со минатата година, кога првиот серијал Едуино-вебинари имал околу 18 000 гледачи, второто издание на серијалот, како што велат,  достигнал фантастични 30 873, нагласувајќи дека се особено горди на успехот и важноста која оваа кампања ја има во образованието.

Серијалот Едуино вебинари содржи претпознатливи онлајн-ресурси за стекнување вештини во областа на образованието. Оваа година тој главно се фокусираше на стекнување практични вештини и методи при одржување на наставата во живо и на далечина.

Едуино-вебинарите се бесплатни интерактивни неформални настани, каде што учесниците имаа можност да следат предавања на актуелни, иновативни и напредни теми кои одговараат на потребите и предизивиците на наставниците, преку споделување примери од добри пракси и совети.

Проектниот менаџер на Едуино, Милена Игњатова, во име на целиот тим на Едуино и СмартАп – кој го спроведува проектот, изрази задоволство што оваа година ги имаат најгледаните онлајн вебинари.

-Особено сме горди за целосната доверба која ја имаме од Едуино-заедницата, од учесниците како и од трудот и вложеноста на нашиот тим. За вкупно 11 одржани Едуино-вебинари, имаме одлични 4,7 и 4,6 просечни оценки за организациајта, за темите кои ги обработивме, како и за говорниците кои ги имавме на овој серијал, што е речиси максимимот во скалата за оценување. Она што особено го радува тимот е бројката со повеќе од 50 000 прегледи на Едуино-вебинарите и тоа околу 24 000 гледачи и учесници на вебинарите во живо преку зум-платформата и 30 873 прегледи на видета од вебинарите на нашиот јутјуб-канал. Успехот на Едуино-вебинарите за нас не претставуваат само бројки од кои сме презадоволни туку и потстрек да продолжиме заеднички да создаваме подобра иднина, изјави Игњатова.

Перо Сарџоски, координатор на Едуино-вебинарите, посочува дека во концептот  особено инсистирале на можноста за меѓусебно споделување на изработените активности.

-Тоа е возможно со нивно прикажување на интерактивна табла која специјално ја креиравме за овој серијал и која понатаму ќе биде достапна за користење, со цел едукаторите да имаат можност меѓусебно да преземат идеи и практики и заемно да се поттикнуваат во работата. Во овој серијал издадовме речиси 8500 сертификати за стекнато и применето знаење и сме навистина премногу горди на нивниот постигнат успех, изјави Сарџоски.

Проектот „Едуино: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации“ е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на министерствата за труд и социјална политика и за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ. Проектот го спроведува СмартАп – Лабораторија за социјални иновации.

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Убиени во поим...

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk