пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Колкумина од “Шарените“ го разбираа правото, посебно оној дел наречен кривично право, за да си дозволат да протестираат секој ден барајќи правда, отворено барајќи нови судии и нови обвинители, односно, нов пристап во работењето на судовите и обвинителствата, ослободени од менгемето на власта? На колкумина од “Шарените“ им беа потребни обвинители, судии, адвокати, министри и премиери кои ќе им дозволат, односно забранат, да извикуваат гласно “нема правда нема мир!“, заради законската регулатива која го издвојува судството од државата, и во која, не само државните функционери, туку кој било друг нема право да се меша, и во одлуките и во работењето на судовите, најмалку да коментира? Што ги испровоцира “Шарените“ масовно да излезат на протести барајќи правда, па во таа борба решија да го запалат кабинетот на тогашниот претседател, кој, замислете, исто како и “независните“ судии и тогашни обвинители, донесе одлука користејќи законско право кое му го нудеше позицијата и ги помилува сите 57 до тогаш потенцијални кандидати за обвинение од тогашното СЈО? Ниту сите се разбираа во правото, ниту во работата на обвинителствата и судовите, ниту сите ги разбираа уставните надлежности на претседателот. Единствената порака на “Шарените“ со “Нема правда нема мир“, беше родена заради жедта за правда, за вистинска правда, заради заштита на разумот кој после бомбите бараше и вистинска борба, и отворено противставување со директно мешање во работата и на обвинителствата и на судовите, и на ингеренциите на претседаелот и на владата. Пораката произлегуваше од здравиот разум после обелоденувањето на тешки облици на грабеж во државата од највисоките позиции во неа. Ништо друго. Мешањето во работата на “независните“ државни институции беше единствената сериозна алатка, за да се заштити правдата во државата, да се отвори патот кон вистински независни судови и обвинителства…
Граѓаните, исто така реагираа, директно мешајќи се во работата на судовите, па преку масовни протести пред Апелациониот суд успеаја да издејствуваат ослободување на новинарот Кежаровски од притвор. Да, директно се замешаа во работењето на Апелациониот суд…
Поединци и мали групи, експерти во правото, министри, професори или академици, сега немаат право да коментираат судски одлуки. После донесена судска олука, прикаските завршуваат и секој обид за јавна реакција по нивните одлуки, е пречекувана на бајонет. Тоа право го имаат само разумните маси. Но, што вреди кога и масите и разумот се убиени во поим. Паролата “нема правда нема мир“, “го прогласувам за умрено!“
Кога умре “поимот“?
Еден мал исечок од мојата приказна за подемот и падот на СЈО, во кој велам вака:
Предметот “Империја“ се роди во периодот кога довербата во СЈО осетно паѓаше, и во јавноста сé почесто се слушаа лоши реакции од најокорелите подржувачи на СЈО, од таканаречените “Шарени“. Сé повеќе негативни коментари се читаа на социјалните мрежи, потсмевања со шефицата, критики за однесувањето на “ангелките“ во приватниот живот. Не е тоа што јавноста го очекуваше, беше поентата на сите такви коментари.
Овој момент не само за нас, туку и за целата држава, беше моментот кога СЈО вистински и реално доби втора шанса да стане Империја, кога како Феникс изникна од пепелта со која почнаа да го затрупуваат, кога се врати во живот, кога нејзиниот зачеток недвојбено го најавуваше невидениот подем и правата борба со криминалот на луѓето во белите крагни, со недопирливите.
За сите скептици, неверни Томи, и други врсти на ебиветарски курајбери и мрчатори, СЈО со “Империја“ покажа нешто друго, нешто силно, моќно и вистинско. Замолкнаа мрчаторите, се повлекоа скептиците.
Со “Империја“, СЈО покажа дека го заболе “патка“ кој од каде е, на која партија ѝ припаѓа, колку пари има и како се вика, дали им е роднина или личен пријател. “Империја“ покажа дека ќе “наебе“ секој кој пружил рака во граѓанската каса за свој личен интерес. И ќе врати и ќе плати. Нема конспиративни договори и разговори за начинот на работата на СЈО. Таа институција работи по теркот: “Или ќе има правда подеднакво за сите, или нема да нé има!“
Дури и најавата на инсталираниот апашки послушник, претседателот на Врховниот суд, дека предметот “Империја“ ќе падне кога ќе дојде до него, дека препораката на Врховниот суд наведува на тоа дека СЈО нема надлежности за овој предмет, па на судиите во претходните постапки им испрати порака да се воздржат во пресуди, да го игнорираат предметот, да не постапуваат по него, не беше пречка СЈО да продолжат по својата патека. Крлежот кој во тој период ја извршуваше функцијата претседател на Врховниот суд, со таквото начелно мислење, имаше одлична перспектива да се соочи со “Шарените“ и да ја доживее истата судбина како и глупантропот од Водно, да го мавнат во чело со неговото начелно мислење. Ебиго друже судаија, немаше потреба. Побрзавме да му помогнеме и нему и на сите “непријатели“ на СЈО. Сами си пукнавме со кратка сачмарка полна со зрна за слонови, си ја распаравме утробата. Ја дигнавме во воздух делницата од пругата која беше единствениот излез, единствената патека по која СЈО требаше да го врати почетниот сјај. Шефицата ја направи најголемата грешка. Не беше само голема. Беше глупава. Поглупава здравје. Беше последна. Мостот “Империја“ го крена во воздух, а ранетите немаше кој да ги пренесе преку реката. Ги уби во поим Шарените, ја елиминира најсилната моќ со која располагаше, подршката од правдољубивите граѓани…
Што е битно кој, кога и на каков начин и’ помогна во тоа харикири, со кое, го задави поимот за верба во правдата, ја избриша паролата на Шарените, ја елиминира вербата во вистинската правда?
Кога поимот е убиен, на сила стапува купената слобода, платената правда, се блокира вербата, за гуши желбата за “Нема правда нема мир!“…
Апсурдите со македонските судови се најголемата бариера за влез на државава во европскиот правен систем, па, според нивните одлуки можеме на ЕУ да и речеме адио. До кога? Поим немаме. Јово звани Превара поранешен судија на Врховниот суд, и замислете, онаа несреќа од поранешен министер за правда, кој, со сопругата и најапашката тајфа во Македонија на врвот од власта, Маневски, сатрапот кој го уништи судскиот систем приватизирајќи го, вметнувајќи послушници на мафијата од државниот врв, му замеруваат на сегашниов министер, демек, не смеел да се меша во судските одлуки. И како човек да не опуце сочно? Па пизда ли вам лепа материна, камо таа среќа и на тебе бе Маневски, жива правна македонска несреќо и на оној Врховниот звани Превара да можевме да ви се мешаме во работата, во начелните мислења и други судски одлуки со кои државата уште долго ќе се расправа, а за некои богами и дебело ќе плаќа. Па вие ли бре најдовте да се јавите во јавноста со критика на министерот за судска одлука, поиздржана здравје, почовечка два пути здравје. И точно е. Еден ден сите кои носеле вакви судски одлуки, а посебно ти и сопругата преку која, Латас телефонски нарачуваше пресуди, како и измамникот со хациенди на Халкидики, звани Превара, ќе мора и пред јавноста и пред судовите да објасните зошто и по чија нарачка и за колку пари сте го правеле тоа…
Ме заболе патка дали некој ќе остане во притвор или ќе се брани од слобода, ама, сите кочници со кои ги заглавивте основните и повисоките судови во Корупција, посебно овој таканаречен Апелациски суд, еден ден ќе мора да објаснат, зошто клајкаат со носење одлука по првостепени пресуди каде се изречени долгогодишни затворски казни, а по притворски решенија, заседават и во празници и во делници и дење и ноќе. Ќе мора да платат за тешка навреда на здравиот разум во државава, а парите од куферчињата на мкд апашите да ги вратат. За жал, таква е состојбата кога и здраворазумните маси се убиени во поим…