ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година

December 30, 2021 21:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 131 седница ja донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година.

Како што информира владината Прес-служба, одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

Со оваа програма се дефинираат потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија, мерките за заштита кои се преземаат, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.

Според Програмата, Ранлив потрошувач е домаќинство коешто користи гарантирана минимална помош и  остварува паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со Законот за социјална заштита и во коешто живее лице во состојба на социјален ризик (мајчинство, болест, старост, повреда и попреченост).

За заштита на ранливите потрошувачи предвидени се следните мерки:

Директна финансиска поддршка на ранливи потрошувачи на енергија како паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во месеците од октомври до март.

Финансиска поддршка за лица со ниски примања доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за  самец до 15.194,00 денари; за домаќинство  со два члена до 18.000,00 денари; за домаќинство до три члена до 21.000,00 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000,00 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 30.000,00 денари. Овие лица ќе го остварат правото по пат на јавен оглас кој ќе го објави Министерството за економија.

Финансиската поддршка ќе се исплатува 12 месеци со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.

За Ранливите потрошувачи коишто користат гарантирана минимална помош и  остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството се предвидени и дополнителни мерки што ги презема операторот на системот за дистрибуција на енергија, како што се се  ослободување од обврските за плаќање на надоместок за повторно приклучување, трошоците за вонредна верификација на мерната опрема, како и  други слични мерки.

За спроведување на оваа Програма обезбедени се средства во износ од 60.000.000,00 денари и ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

На оваа своја седница Владата ги донесе одлуката за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот, како одлуката за одобрување тие средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Одлуките за донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија.

Овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната  самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk