ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

2022: „Надежта итно да се јави на главна каса“!

December 31, 2021 09:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Мора да постои некој кој годинава ви ја направи посебна. Не мора да е ништо спектакуларно – можеби насмевка во вистински момент, збор на сочувство кога најмногу ви требал, мал подарок, бакнеж, допир, ситно внимание или некоја пренесена позитивна енергија… Сега е време на нив да се сетите, на тие луѓе да им возвратите со иста мерка!

Ова е добро да се каже уште на почеток, оти за спротивното изобилно се погрижија општите општествено-политички настани кои и во 2021 само ја продолжија вознемиреноста, депресијата и предизвиците на дневното преживување што така обилно ни се „сервираа“ уште во претходната, 2020 година.

Македонија во општествено-политичка смисла одамна не била подезориентирана од последнава, 2021 година. Имало и други тешки, па и многу потешки економски или безбедносни години, за кои тогашните чувства ни се избледени, но никогаш врз сите тие компликации не била фрлена „мрежата“ на неизвесноста и масовниот страв од продолжената здравствена и психолошка закана од пандемијата која трае предолго за да можеше да биде игнорирана и годинава.

На дел од другото со години сме навикнати: политички компликации од секаков вид и содржина, владејачко мнозинство кое продолжи да виси „на конец“, економски неуспеси кои ги засенија економските успеси, огромно количество гадости, навреди и групни и лични дисквалификации што како лепра се шират поуспешно и од ковидот по социјалните платформи и во „соодветните“ портали, голем пораз на некои од власта на локалните избори претворен во пораз на опозицијата во намерата да ја сруши власта од националниот трон, проследен од драмата или мелодрамата – зависно на која страна по тоа прашање ви се наоѓа „срцето“ – со неочекуваното повлекување на Заев од политиката… Дозата на правосудни и корупциски скандали беа во „мртва трка“ со „обичните“ скандали од јавните соби, извидничките одреди и болничките ходници… Па уште и двете најголеми поединечни човечки трагедии во модерната македонска историја – пожарот во Тетовската болница и сообраќајката во Бугарија – што ни се случија во иста година, за да нѐ остават колективно стаписани и со право вознемирени, расплакани… А, сето тоа под „чадорот“ на евро-интегративното изживување што, којзнае по кој пат, ни го приредија Бугарија и Европската унија, а ќе потрае и во деценијата што следува!

Цела година внимателно, вознемирени се движиме по цврсто оптегната сајла врз длабокиот понор под нас и високото небо над нас, со мобилните телефони, наместо со подолга летва за животно балансирање во рацете. Главите ни се сторени во големи чипови, нема потреба од нова доза вакцини.

Па, сепак…

Општествено-филозофската природа на феноменот на надежта е широко оспоруван и фален концепт. Додека едни тврдат дека не можеме да се надеваме на нешто што е тешко остварливо, други се залагаат дека токму вербата во остварливоста на невозможното ја дефинира надежта како клучен фактор на успехот и кога тој се чини невозможен. Кој пристап ќе надвладее зависи од личната и општествената интерпретација на сегашноста и иднината, особено на проценката колку надворешните фактори, како чистата среќа, распоредот на ѕвездите, „судбината“/Господ или други „виши сили“ ќе се погодат, или нема, за да ни се остварат желбите.

Во оваа смисла, луѓето често и забораваат дека, ако добро не се одработи, осаменоста на надежта е лоша, па и демотивирачка стратегија за успех. Тоа важи и за верувањето според кое само некои други треба да одработат, за да ни се остварат нашите надежи. Се влече таа линија уште од толкувањата на христијанските есхатологии за судбината на светот и човекот и марксистичките утопии за достижноста на потребите наспроти можностите. Па, со такви „асиметрични“ напори, и баба ми може! А и баба му на Кант, самиот да не ја авансираше тезата дека за општиот историски успех е потребна колективната надеж, но само како двигателен агент за индивидуалните напори во остварувањето на личната среќа. Ако за ова се постигне општествен консензус, други „црвени линии“ стануваат многу помалку важни.

Затоа и сметам дека да се посака „Среќна Нова 2022 година!“ не е бесмислена желба, бидејќи на духот на оваа нација ѝ е потребна надежта дека идната година ќе биде подобра! (Циниците би рекле дека полошо од ова и не може… А, може, може.)

И не ги заборавајте оние кои 2021 година, макар и за момент, ви ја направија посебна. Окружени сте со такви, треба само да сакате да ги видите.

Среќна Нова 2022 година!

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Зошто е важна третата „бустер“ доза и дали таа ќе нè заштити од омикрон?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk